Некако заробување на 100.000 еур не ми звучи логично, кога веќе заглавуваш во кредити, не ли е попаметно да поченш некој свој бизнис со тие пари, да свртиш нешто, сигурен сум дека ќе има заработка ем кирија да си платиш, ем да живееш, ем да ти остане на страна.
Секако, може ќе биде тешко не почеток, уствари ќе биде сигурно тешко и напорно, ама па има шанси да успееш и до стан да стигнеш и до се што ти треба.
Се почнува бизнис и со помалце, се зависи што и како сакаш.
Некако ми се многу пари за да се врзеш со кредит, освен ако не сте двајца со ИТ плати од по 2.000 еур, па тогаш да не ти е проблем да го вратиш у разумен рок. Во моментов сите ги качуваат каматите, па не знаеш што те чека за 5-10 години...
Не сум запознаен како идат кириите кај нас, има ли нови станови средени за пристојна сума или тешко?