Рекламата вели 3,7 литри/100 км, што не е невозможно, али е релативно тешко достижно, пошто бара труд и адаптирање на возачки стил, за да можеш да го оствариш тоа ветување на Ситроен. Сепак 1.4 ХДИ е фантастично моторче, уопште нема муабет тука.
Пред 2 и кусур години, во склоп на еден експеримент за списанието кај што работев, со Peugeot 207 1.4 HDI беа пројдени 1300 километри, за три дена, со економично внимателно возење. Потрошувачка - 3.6 л/100 км. Немаше никакви ЕКО модификации на Пежото (како што има на Ibiza Ecomotive, Corsa EcoFlex, Polo BlueMotion итн), само фантастично моторче и Michelin Energy Saver гуми. После проверка у сервис, рекоа дека е останато гориво за барем уште 100 км, а индикаторот беше веќе на минимум