Гласање

Кое од овие возила би го ПРЕПОРАЧАЛЕ на својот најдобар пријател до 10.950 евра?

Сузуки Свифт
Форд Фиеста
Цитроен Ц3
Тојота Јарис
Опел Корса
Фиат 500

Автор Тема: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!  (Прочитано 62111 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Што би рекле вие, кога би ве прашал вашиот најдобар пријател за купување? Еврото не им е сигурно, па се решаваат да купат кола. За 10ина илјади евра, еве нека се 10.950 евра. Што ќе биде апсолутно најекономично во краен план? Што изгледа пристојно? Возилото мора да е од некоја убава марка од европски или јапонски производител. Пожелно е да трае 25 години кај еден сопственик, и да одговори на сите предизвици кои може да ги понуди Бивша република Македонија - Скопје. :) Во тие 25 години треба да се извршат 25 сервиси, да се наточат 350 резервоари и да се поминат 200.000 километри. Возилото ќе го вози една фамилија, со деца кои допрва ќе полагаат, што значи ќе смени многу ламели и потисни плочи, како и кочници.... Шпигавци... Еклери... Баклави... Тулумби... И боза сакаш ти верувај ми!!! :D

Значи за тие некои пари, тешко дизел да се ќари... Освен на старо. Така да остануваат основните бензинци, со некоја малце попристојна опрема.

Многу е важно возилото да може да истрпи да вози без уље големи километражи и да се игнорираат сијалички и стрелки за предупредување во целиот негов живот од 25 години (како и на секоја друга кола која ја возат како службена). Ех кога сме на темата, може да ја гледате колава и како службена, зошто ќе биде масакрирана од жени, тазе возачи и жени тазе возачи!!! :D
Воедно може да посочите некоја кола која не е на листата, а сметате дека е добра, и би свршила работа. Moже и некоја добра понуда на старо, но до 7000 евра, еве нека се 7450 евра. Но и таа ќе мора да ја издржи масовната злоупотреба!


Значи која кола би ја препорачале на вашиот најдобар пријател, најдобронамерно, за неговата фамилија? И зошто?


Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #1 на: 05 Декември 2011, 19:57:46 pm »
Форд фиеста, се знае.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #2 на: 05 Декември 2011, 20:02:13 pm »
Се двоумам меѓу Ц3 и фиеста.Со дизел мотор Ц3-ката кошта 11.700 што е над твојот лимит, слично и фиестата.  Би прашал колку е Пунто ево со дизел мотор, можеби е нешто поевтино од овие две.
Дека некоја од овие би терале 25 години не верувам, али 15 сигурно ќе преживеат.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #3 на: 05 Декември 2011, 20:10:51 pm »
Јас гласам за фиестата, а може да се земе во предвид и пунто ево, гледам за интересна цена го даваат, али фиестата ми е далеку поубава. Зошто да не тера никоја од овие 25 год. Ако ја одржуваат како што треба ке тера, погледни уште колку југовци и 101 се возат, а имаат над 25 год, а исто така ги има и многу други коли кои се околу 20год. стари.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #4 на: 05 Декември 2011, 20:18:39 pm »
Сузуки Свифт и Фиеста.

Нека си одбери која му е поубава.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #5 на: 05 Декември 2011, 20:22:00 pm »
Форд Фиеста или Фиат 500,зависи од потребите ! :D
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #6 на: 05 Декември 2011, 20:56:39 pm »
Фиеста, ја имам и пак би ја купил, јес да фали можеби во изборот и новата киа рио...изненадува количето, јас би го сместил одма позади фиестата!
Мислам дека фиестата е онака некоја целина од сите овие...не дека е најдобра, далеку од тоа ама е доста добра...големината и е онака океј, нема којзнаеколку место ама за разлика еве од јарис е топ..моторче зависи од потеба.. 1.25 за низ град е екстра па и за на отворено неам забелешки ептен сум пријатно изненаден од него...дизел може, ама до тие пари тешко инаку да поевтино возење и другите предности ( и недостатоци ) на дизелот како кај сите
Ако веќе бира убавина, зависи од окото негово, која најмногу му се свиѓа , јес да јарисот и фиат 500 би ги шутнал одма...јарисот сеа не го знам најновиот ( да не јада бурек одма) ама овој довчерашниот ми беше ептен катастрофа внатре ама ептен..а 500кава исто мене лично ми е мала со висока цена јес да е фенси!! само пак внатре не ми се свиѓа, не сакам во таков стил да ми биде колата :)

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #7 на: 05 Декември 2011, 21:27:21 pm »
spored opisanoto: maltretiranje, bez ulje, nad 200.000km (izdrzliv motor), 25god, niska potrosuvacka, opremenost - osven Jarisot, neznam dali ima nekoja druga izdrzliva kola od gorenavedenite!!!!! ne za da mu preporacam na nekoj blizok, tuku da imav 11.000e jas bez da se dvoumam bi zel Yaris....... eden vo struga ima Yaris skoro 300.000km pominati i nejke da cue!!!! a sum videl i drugi primeroci na Yaris so mnogu pominati a rabotat kako da se novi.......
@Jove, Fiat 500 ne e familijarno auto, epten e malo vozilo!!!!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #8 на: 05 Декември 2011, 21:45:54 pm »
Возилава ич не ми се фамилијарни али ај ако решиле од овие

Фиестата би била по практична.
Ц3 претходниот модел 1.4хди околу 10-11 може да го земе има понуда

Би ги додал како подобра инвестиција, попрактични:
1.Крузот
2.Лансерот
3.Линеа можно е и дизелче за таа цена

Во помала класа може да се додаде и новото Авео.


Фиат 500 фамилијарно добар виц  ;D
(имам видено 500ка со детско седиште напред, тие што седат позади имаат мн. комоција)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #9 на: 05 Декември 2011, 21:49:06 pm »
Не гледам зошто буџетот за половно возило да го осакатиш со 4000 евра.

За тие пари 11.000 евра се купува сочувано половно возило од прв сопственик со сервисна книшка и поминато помалку од 50.000km, не постаро од 3 години кое во сите можни случаи ќе биде подобар избор за фамилијарно возило од сите горе-наведени дрндала.

Или со други зборови ќе купи 1 или 2 класи поголемо воизло, со многу подобар мотор и опрема. И кое секако, по 28 години ќе изгледа подеднакво износено или помалку износено од горе-наведените дрндала по 25 години.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #10 на: 05 Декември 2011, 21:51:23 pm »
Возилава ич не ми се фамилијарни али ај ако решиле од овие

Фиестата би била по практична.
Ц3 претходниот модел 1.4хди околу 10-11 може да го земе има понуда

Би ги додал како подобра инвестиција, попрактични:
1.Крузот
2.Лансерот
3.Линеа можно е и дизелче за таа цена

Во помала класа може да се додаде и новото Авео.


Фиат 500 фамилијарно добар виц  ;D
(имам видено 500ка со детско седиште напред, тие што седат позади имаат мн. комоција)


Ц3-ката новиот модел е 11.700 со 1.4 ХДи. А и зошто не би биле овие фамилијарни возила, да не немаат малите дечиња место за колената, или да не им удира главата во кровот.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Re: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #11 на: 05 Декември 2011, 21:52:38 pm »
Хјундаи и30 + зимски гуми + регистрација = 10.950еур.

Sent from my GT-I9000 using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #12 на: 05 Декември 2011, 21:56:09 pm »
Возилава ич не ми се фамилијарни али ај ако решиле од овие

Фиестата би била по практична.
Ц3 претходниот модел 1.4хди околу 10-11 може да го земе има понуда

Би ги додал како подобра инвестиција, попрактични:
1.Крузот
2.Лансерот
3.Линеа можно е и дизелче за таа цена

Во помала класа може да се додаде и новото Авео.


Фиат 500 фамилијарно добар виц  ;D
(имам видено 500ка со детско седиште напред, тие што седат позади имаат мн. комоција)

Си утнал нешто. Не се мисли на фамилијарно, туку на возило кое ќе го употребува цела фамилија. Како што велам децата се близу до полагање. :) Тоа значи дека многу (екстремно многу) ретко ќе има повеќе од двајца во колата. Баш НЕ треба фамилијарна кола. :)

Сите овие се надвор од буџет и доста непосакувани коли... Ама идејата ти е на место! Треба да се посочат, а дали би ги препорачал ни сам незнам. Најверојатно не. Дали може да се справат со дадените услови? Којзнае. А и ќе бидат некои штури-жали-боже верзии за 11.000 евра. Ќе одам неделава да ги испитам Лансер и Круз, како стојат цени и слично.

Хјундаи и30 + зимски гуми + регистрација = 10.950еур.
Возилото мора да е од некоја убава марка од европски или јапонски производител.
Не сакаат ни да чујат, а богами ни јас. Лично го тестирав против Свифт и резулататот го знаеме. :)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #13 на: 05 Декември 2011, 22:03:37 pm »
Лансер и круз одлични се...е сеа ако се за почетници ( зашто рече нели сеа полагат децата) а и ако не им е потребна големка кола, нема потреба ни да ги гледаат, пошто како што има кажано гојдо еднаш, ако немаш потреба, зашто да влечеш позади тебе една голема коцка од 150 литри...вака од овие хечбециве, ем се пофенси и по за млади луѓе...али ако има потреба нека влезе еве и елантрата у изборот, јес да покрај наведените две не би ја погледнал.
Инаку за издржливост, доколку се одржуваат нема зашто да не би изржале толку км, затшо јарисот би издржал а цитроенот не...моторите се океј сите се скоро исти по мене незнам...тие мали кубици на моторчиња се исти...( не буквално!) значи само треба редовно да се одржуваат...штом не треба фамилијарно, за помлад човек за мене позакон е бензинче, онака поинтересно , ама па студентски живот дизел ќе тераш повеќе така да се зависи од желбите и потребите...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #14 на: 05 Декември 2011, 22:04:18 pm »
Па пиши тогаш дека станува збор за возило за лични потреби, а не за фамилијарни.

Во тој случај, нека ја ѕирнат Алтеа-та ФР 2008 со 80.000km и едно чудо најопремена со 2.0 турбо дизел 170КС која се нуди за 9000 евра. Сите други нови возилца до 11000 се смешка во споредба со неа.
Ум шо идит отпосле не јет ум!