gOJDO, ти зборуваш за функционалност,а навиваш за Јарисов...
Токму така, функционалност. Како што го сватив Дени, бара:
- мало градско возило кое ќе го возат повеќе различни шофери
- возило кое треба да се користи подолг временски период,
- кое е потребно да биде економично
- кое е потребно да биде квалитетно
Сите овие работи одлично, да не речам најдобро, ги покрива Јарисот.
ок твој избор ама пази, купуваш нова кола ама стар модел што значи кај и да е нема да се произведува веќе зашто има нов модел нели...
Ама баш најнебитно е тоа што моделот е стар. Колата треба да се вози 25 години, а не една сезона до наредниот фејслифт. Според тоа на купувачот воопшто не му значи да вози најнов модел. Згора на тоа еден понов модел не значи дека е поубав, ниту подобар.
ќе имаш нова кола, а уствари стара...
Молам? Возило произведено во 2011 година, купено од салон со 0km запакувано во најлон за тебе е старо? Свашта.
од страна на функционалноста, јас во тикото имав 60% од оваа опрема на јарисов...а можам да ти го најдам за 2000 евра...
Да, да, сигурно тоа. А на дедо ми Фичо-то од 1963-та имаше повеќе опрема од Фиеста и Свифтот со фул опрема заедно....а можам да ти го најдам за 100 евра регистрирано и со нови гуми.
добро ти го спореди Сузукито со Јарисов...
Не само јас, туку и други членови. Токму затоа е и темава, за споредби.
пак би го земал Сузукито зашто сепак е нов модел,нова кола многу поагресивна на изглед...
Ама тоа ти кога би бирал за тебе. Во случајов се бира за некој друг кој има поинакви гледишта и потреби од твоите. Не велам дека мојот совет за избор е најдобар за случајов, само е пологичен од твојот. Ти упорно напињаш за најнов модел, а за периодот кога ќе се вози возилото ќе излезат 10 нови модели.
и башка голема работа ако е дизел...
Хаха, не е дизел туку турбо дизел. И да, голема работа е. Ако си возел турбо-дизел и атмосферски бензинец ќе треба да ја знаеш, како на тркала, така и по џеб.
кога и така за една год ќе биде мање од 3 ден разлика...
И цената да биде иста, со трубо-дизелот ќе поминеш 50% повеќе километри.
ќе дадеш гас тие позади тебе ќе се гушат во црн дим...
Единствено нешто кое ќе го оставиш позади тебе кога ќе дадеш гас на година дена стар јарис со турбо-дизел е година дена стар Свифт или Фиеста со атмосферски бензински мотор.
Извини ама ширење дезинформации не се во функција на темава. Тоа дека Јарис во гарантниот рок од 5 години и 160.000км ќе остава црн дим се глупости. Не сваќам само дали тенденциозно зборуваш против Јарис или од предрасуди/неифнормираност.
секогаш навивам за бензин...
Од ваквите стереотипи неможе да се има полза. Ниту ти, ниту оној кој треба да купи во моментов. Дали си возел некој модерен турбо-дизел?
башка Фиестава ај зашто ја имам и знам за што е способна т.е. ниедна друга кола од овие горенаведениве нема таква вожња како Фиестава па дури ни многу повисоките класи...
Дали некоја од горенаведените има вожња ко во Фиестата можеш да кажеш само ако си ги извозел сите. А јас мислам дека не си ги извозел. За во многу повисоки класи, исто така си гаеш илузии, ама тоа е твое право. Можеби Фиестата има подобра вожња од некое возило, една класа повисоко. Но подобра вожња од Ford Mondeo, Citroen C5, Toyota Avensis, Opel Insignia, Fiat Linea...Ахахаха.
друго за тие пари добиваш каде каде поопремена од Јарисов...
Опрема која е шминка и која не додава никако на функционалноста. Според мене, согласно потребите кои беа наведени, поинтелегентен избор е помоќен и многу поекономичен мотор одошто лајсни, алуминиумски фелни и кожен волан.
ќе мораш попуст да си побараш...т.е. опремата на титаниум верзија, Воздушни перничиња за возач и сувозач
Странични воздучни перници и перниче за колено
ABS
Тонирани стакла
Серво управувач подесив по висина и длабочина
Електрично задвижување на предни стакла
Браници во боја на каросерија
Хромирани лајсни
Централно далечинско заклучување
Имобилизатор
Нивелирање на фарови
Мануелно подесување на возачко седиште по висина
Електрични и загревани ретровизори во боја
Мануелен клима уред
Менувач (кожа / алуминиум)
Кожен волан
Патен компјутер
Предни светла за магла со хромирано куќиште
Лумбарно подесување на возачко седиште
Radio/CD mp3 со 6 звучници и команди на волан
Алуминиумски фелни 15"
Патосници ( velour )...
Тоа прешкртаното го нема во Јарисот. Ме изнасмеа што се екстра шминка нема да добие за сметка на неспоредливо подобриот мотор.
Сепак не зборувај навивачки, зборувај реално...
Молам?
Хахаха каква иронија.