Гласање

Кое од овие возила би го ПРЕПОРАЧАЛЕ на својот најдобар пријател до 10.950 евра?

Сузуки Свифт
Форд Фиеста
Цитроен Ц3
Тојота Јарис
Опел Корса
Фиат 500

Автор Тема: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!  (Прочитано 62116 пати)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #60 на: 06 Декември 2011, 02:28:14 am »
Jas glasav za /Swiftot zasto mislam deka bi bil poizdrzliv i ke odgovara na potrebite.
Baska dobar e i dizajnot.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #61 на: 06 Декември 2011, 09:50:22 am »
Fiat 500 без конкуренција. Уникат и Традиција.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #62 на: 06 Декември 2011, 10:04:12 am »
gOJDO, ти зборуваш за функционалност,а навиваш за Јарисов...
Токму така, функционалност. Како што го сватив Дени, бара:
- мало градско возило кое ќе го возат повеќе различни шофери
- возило кое треба да се користи подолг временски период,
- кое е потребно да биде економично
- кое е потребно да биде квалитетно

Сите овие работи одлично, да не речам најдобро, ги покрива Јарисот.

Цитат
ок твој избор ама пази, купуваш нова кола ама стар модел што значи кај и да е нема да се произведува веќе зашто има нов модел нели...
Ама баш најнебитно е тоа што моделот е стар. Колата треба да се вози 25 години, а не една сезона до наредниот фејслифт. Според тоа на купувачот воопшто не му значи да вози најнов модел. Згора на тоа еден понов модел не значи дека е поубав, ниту подобар.

Цитат
ќе имаш нова кола, а уствари стара...
Молам? Возило произведено во 2011 година, купено од салон со 0km запакувано во најлон за тебе е старо? Свашта.


Цитат
од страна на функционалноста, јас во тикото имав 60% од оваа опрема на јарисов...а можам да ти го најдам за 2000 евра...
Да, да, сигурно тоа. А на дедо ми Фичо-то од 1963-та имаше повеќе опрема од Фиеста и Свифтот со фул опрема заедно....а можам да ти го најдам за 100 евра регистрирано и со нови гуми.

Цитат
добро ти го спореди Сузукито со Јарисов...
Не само јас, туку и други членови. Токму затоа е и темава, за споредби.
Цитат
пак би го земал Сузукито зашто сепак е нов модел,нова кола многу поагресивна на изглед...
Ама тоа ти кога би бирал за тебе. Во случајов се бира за некој друг кој има поинакви гледишта и потреби од твоите. Не велам дека мојот совет за избор е најдобар за случајов, само е пологичен од твојот. Ти упорно напињаш за најнов модел, а за периодот кога ќе се вози возилото ќе излезат 10 нови модели.

Цитат
и башка голема работа ако е дизел...
Хаха, не е дизел туку турбо дизел. И да, голема работа е. Ако си возел турбо-дизел и атмосферски бензинец ќе треба да ја знаеш, како на тркала, така и по џеб.

Цитат
кога и така за една год ќе биде мање од 3 ден разлика...
И цената да биде иста, со трубо-дизелот ќе поминеш 50% повеќе километри.
Цитат
ќе дадеш гас тие позади тебе ќе се гушат во црн дим...
Единствено нешто кое ќе го оставиш позади тебе кога ќе дадеш гас на година дена стар јарис со турбо-дизел е година дена стар Свифт или Фиеста со атмосферски бензински мотор.

Извини ама ширење дезинформации не се во функција на темава. Тоа дека Јарис во гарантниот рок од 5 години и 160.000км ќе остава црн дим се глупости. Не сваќам само дали тенденциозно зборуваш против Јарис или од предрасуди/неифнормираност.

Цитат
секогаш навивам за бензин...
Од ваквите стереотипи неможе да се има полза. Ниту ти, ниту оној кој треба да купи во моментов. Дали си возел некој модерен турбо-дизел?

Цитат
башка Фиестава ај зашто ја имам и знам за што е способна т.е. ниедна друга кола од овие горенаведениве нема таква вожња како Фиестава па дури ни многу повисоките класи...
Дали некоја од горенаведените има вожња ко во Фиестата можеш да кажеш само ако си ги извозел сите. А јас мислам дека не си ги извозел. За во многу повисоки класи, исто така си гаеш илузии, ама тоа е твое право. Можеби Фиестата има подобра вожња од некое возило, една класа повисоко. Но подобра вожња од Ford Mondeo, Citroen C5, Toyota Avensis, Opel Insignia, Fiat Linea...Ахахаха.

Цитат
друго за тие пари добиваш каде каде поопремена од Јарисов...
Опрема која е шминка и која не додава никако на функционалноста. Според мене, согласно потребите кои беа наведени, поинтелегентен избор е помоќен и многу поекономичен мотор одошто лајсни, алуминиумски фелни и кожен волан.

Цитат
ќе мораш попуст да си побараш...т.е. опремата на титаниум верзија, Воздушни перничиња за возач и сувозач
Странични воздучни перници и перниче за колено
ABS
Тонирани стакла
Серво управувач подесив по висина и длабочина
Електрично задвижување на предни стакла
Браници во боја на каросерија
Хромирани лајсни
Централно далечинско заклучување
Имобилизатор
Нивелирање на фарови
Мануелно подесување на возачко седиште по висина
Електрични и загревани ретровизори во боја
Мануелен клима уред
Менувач (кожа / алуминиум)
Кожен волан
Патен компјутер
Предни светла за магла со хромирано куќиште
Лумбарно подесување на возачко седиште
Radio/CD mp3  со 6 звучници и команди на волан
Алуминиумски фелни 15"
Патосници ( velour )...

Тоа прешкртаното го нема во Јарисот. Ме изнасмеа што се екстра шминка нема да добие за сметка на неспоредливо подобриот мотор.  

Цитат
Сепак не зборувај навивачки, зборувај реално...:D
Молам?  ::) Хахаха каква иронија. ;D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #63 на: 06 Декември 2011, 10:17:31 am »
исцрпен одговор :) во попролност се согласувам

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #64 на: 06 Декември 2011, 10:34:19 am »
Fiat 500 без конкуренција. Уникат и Традиција.

Зависи...некна дојде во Велес CS 166 со такво Фиќко.

За возикање, за женско, само еден човек да си го тера и пази, е бомбона невидена.

Многу е слатко напраено и скоцкано.

Е сега ФИАТ е јеби га не е ни друже Германац ни Косоока моја ама тоа е, сите убавини заедно не одат ! ;D

Ако треба да се користи како градско возило, за бркање работа што би се рекло, тогаш не гледам причина возилото да се стави на избор за мис градско возило на деценијата.

Ако е за пување и паpкирање пред кафичи да им се пука душата на душманите тогаш дај ќе бираме по лепота, инаку секогаш функционалноста е за мене пред убавината.

Знаете зошто? И најубават пичка на светот да ти е жена после некое време ќе ти досади и нема да ти биде интересна додека секогаш ќе има некој кој што од страна ќе го дрка на неа.

Тоа е моментот, за тебе после извесно време ќе биде сеедно дали е многу убава и нашминкана или не, значи треба да гледаш да ти брка работа затоа што само тоа ќе ти остане после спласнувањето првобитните возбуди и импресии.

Значи за пување едно, за бркање работа сосема друго.

И не гледам причина за коментари од типот "Уште ново е старо" ако е колата за бркање работа...?

Баш напротив, еве што ми има речено типацот што цел свој живот продава коли во Имачка...."Ако ти е за тебе за возење, да ти брка работа, се зима проверена кола, не некое ново моделче што е сега излезено, затоа што тоа уште не е баш поминато низ сите сита и решета и треба време да се скоцка комплетно.
Најдобро е колата да има веќе еден фејслифт (маска за одстранување на појавените проблеми) а може и два.
Значи зимај проверени модели не нови ако сакаш да бидеш сигурен, иначе е мачка во вреќа, ја ќе се погодат ја не!."

Пак ќе повторам, ако е за пување, тогаш погоре кажаново нема врска.

Секој што нема доволно пари е подложен и приморан на компромис....сакал или не.

Ем Убаво, ем брзо, ем ефтино, ем штедливо, ем брка работа за во град, ем за пување....хмммм ако има такво што ги исполнува сите критериуми дај кажете да купиме сите по едно и ги продадеме кантиве шо ги возиме.

За секоја намена постои соодветно возило, ама треба банки!

А разлика дека немало меѓу бензин и турбодизел, па посебно за во град,...? Такво нешто може да каже само некој што или нема појма, или од инат!

BTW...Се бара европско возило или јапонско ако е источно...не конзерва од Кореа како Тикото!

« Последно менување: 06 Декември 2011, 10:54:31 am Sportex »

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #65 на: 06 Декември 2011, 10:46:17 am »
Fiat 500 every single time....... Nasproti Sportex,jas ke kazam deka ubavinata na avtomobilot kaj mene igra golema uloga
Kolku so razbrav se bira avtomobil koj bi bil vtora pa duri i treta opcija......sto znaci osven za setanje od edno do drugo mesto,za drugi potrebi ne bi se koristelo,
@Sportex ne go izvozi,ke te iznenadese i tebe kako djidji,pa ke videvme dali togas ke bese muabetot germanac ili kosooka-nareden pat,zdravje:D.....
potrosnja niz sk 7.2,a u strumica 5.8-6.2.....

A dokolku bi trebalo da se bira kako primarno vozilo,se razbira deka ima podobri kandidati od prosta pricina so Fiat-ot ne e ni konstruiran da gi zadovoluva tie kriteriumi :D
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #66 на: 06 Декември 2011, 10:46:49 am »
Куоре, исто гласавме.

После прочитав дека се бирала кола за семејство ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #67 на: 06 Декември 2011, 10:52:55 am »
Fiat 500 every single time....... Nasproti Sportex,jas ke kazam deka ubavinata na avtomobilot kaj mene igra golema uloga
Kolku so razbrav se bira avtomobil koj bi bil vtora pa duri i treta opcija......sto znaci osven za setanje od edno do drugo mesto,za drugi potrebi ne bi se koristelo,
@Sportex ne go izvozi,ke te iznenadese i tebe kako djidji,pa ke videvme dali togas ke bese muabetot germanac ili kosooka-nareden pat,zdravje:D.....
potrosnja niz sk 7.2,a u strumica 5.8-6.2.....

A dokolku bi trebalo da se bira kako primarno vozilo,se razbira deka ima podobri kandidati od prosta pricina so Fiat-ot ne e ni konstruiran da gi zadovoluva tie kriteriumi :D

Не реков дека не чини напротив ми е многу цакано и има доста солидно изработен ентериер.
Единственото возило од Фиат кое ми се бендисува.
Ама ми е возило за девојче, за да си се возика со него да си излегува, да се шетка, не е возило за работа, чија што врата ќе се треска во брзина, чиј што браник ќе биде вечно изгребан поради пикање по паркинзи, ќе му тропаат спони од качување по тротоари и сл.

И јас сакам убави коли, не сакам арабаџиски за товарање, ама кога би можел да имам купам едно спортско купе и еден "пик ап" за деца товарање, најубаво ќе биде нели, а Лада нива обавезно за на риба и за женава едно помало да може низ град да се спровира...и кај отидовме?

У на мајка ни, 100 илјади евра не те перат за коли, за тоа зборувам!

Дас ис Мацедониа !

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #68 на: 06 Декември 2011, 10:53:27 am »
Не реков дека нема разлика меѓу бензин и дизел, не сум луд тоа да го кажам, туку дека МЕНЕ не ми е битно...не кажав дека Тикото е подобро туку дека за МЕНЕ Јарисот е тапа т.е. токму овој понудениов...ако гледам да ми брка работа најубаво ќе си земам точак...ем не троши ем секаде стигам на време...не зборувам од предрасуди или неинформираност, туку кажувам јас што би направил и како јас гледам на работите, сепак секој со различно гледиште...може некој ќе се покае за изборот јбг...ти си поискусен јас тек треба да учам...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #69 на: 06 Декември 2011, 11:03:45 am »
Не реков дека нема разлика меѓу бензин и дизел, не сум луд тоа да го кажам, туку дека МЕНЕ не ми е битно...не кажав дека Тикото е подобро туку дека за МЕНЕ Јарисот е тапа т.е. токму овој понудениов...ако гледам да ми брка работа најубаво ќе си земам точак...ем не троши ем секаде стигам на време...не зборувам од предрасуди или неинформираност, туку кажувам јас што би направил и како јас гледам на работите, сепак секој со различно гледиште...може некој ќе се покае за изборот јбг...ти си поискусен јас тек треба да учам...

Покрај тоа што за тебе не е битно дали е обичен бензин или турбо дизел (ќе ти стане битно ако минеш макар и по една илјадарка месечно во град посебно) викаш црно димело позади, не знам што.

Новите дизели се почисти и од бензинците, затоа не ти требаат такви коментари, дека ќе се гушат тие позади тебе, стварно...немаат врска со реалноста.

Ако мислиш возила од типот на Калимеро 4 дизел тоа не е во понудените опции, а може да кај него кога ќе стиснеш фрла црно позади, ама после 100 000.

Јас ќе застанам зад мојот дизел и ќе дишам а ти турирај колку сакаш, па после ќе се смениме, ти застани си зад твојот "чист" бензинец а јас ќе турирам.


Извини, не сваќај како напад, ама многу ме нервира кога некој тропара неаргументирани глупости!

Ако имаш нешто против гОЈДОНО изнапљукај му се на ПП, немој да општиш со глупости кое немаат врска со реалноста.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #70 на: 06 Декември 2011, 11:26:22 am »
Ајде сега бидете мирни. Без расправии...:D

Ако станува збор за лепота, тогаш Фиеста. Ако зборува збор за функционалност тогаш трубо-дизел скогаш пред хромирани држачи за кожно лево маде.

Што се однесува до Фиат 500. Кумот мој има едно такво со 1.3 100КС бензински мотор со фул опрема и Хонда Акорд. Нему му троши 10 во град, значи во градот Скопје низ Центар и низ Карпош, не по обиколница. Негов коментар за Фичото е дека е шминка ауто и дека е релативно квалитетно, но дека има фалинки(разлабавена рачка, сронети хромирани детали, целосно избледен главен амблем, не-оптимално распределен инвентар). Вакви коментари за Акордот не дал и вели дека кога повторно би бирал меѓу Фичо и Хонда Џез (или нешто во класа на Фичо) дека ќе избере Хонда. Ако не се лажам кога седевме заедно со Зеро дискутиравме на темата за Фичото.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #71 на: 06 Декември 2011, 11:30:04 am »
За парите од Хонда Џез пре би си купил Груман 66 Албатрос.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #72 на: 06 Декември 2011, 11:31:24 am »
И за парите за Фичото ако така гледаш.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #73 на: 06 Декември 2011, 11:37:01 am »
Фичото е кола за разгалени плавуши. Вчера се возев и искрено срам ми беше од самиот себе си.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #74 на: 06 Декември 2011, 11:40:01 am »
Jas zboruvam za 1.2 motorot so 80ks....i ne e po obikolnica tuku od kisela voda do kliniki sekoj den vo osum,devet sabajle,redovna relacija
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson