Гласање

Кое од овие возила би го ПРЕПОРАЧАЛЕ на својот најдобар пријател до 10.950 евра?

Сузуки Свифт
Форд Фиеста
Цитроен Ц3
Тојота Јарис
Опел Корса
Фиат 500

Автор Тема: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!  (Прочитано 62254 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #210 на: 08 Декември 2011, 19:22:14 pm »
Дени, Фиеста или Свифт. Денеска или трипувам или најлогични опции ми се овие две количиња.
Реално Фиестата е фантастична, ја имав првата што дојде ТДЦи. Ја имам старата ТДЦи. Колата е фантастична а и одлична цена има. Ама бензинецот оди со малку послаба потрошња. 1.4 троши 9 во град, што е литро и нешто плус од свифтот. Само тоа мааааалце ми мати. Ептен се јадат тие две! Иди одлучи! :)

1.25 Титан - најубаво
1.4 Титан - со 3 врати ќе треба. Така да најверојатно не.
ТДци - со раткапни.
1.25 Свифт - најбоље

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #211 на: 08 Декември 2011, 19:27:58 pm »
Титаниум со 3 врати под 11.000? Братучетка ми треба да дознае за понудава.

Присутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #212 на: 08 Декември 2011, 19:59:53 pm »
Земи ТДци раткапните се мењаат ако присоберат 500 евра во иднина, ама мотор не се мења

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #213 на: 08 Декември 2011, 20:01:36 pm »
да да се сложувам со Бауер, нека се земе ТДЦИ па понатака ќе се среди за бандажи.

Отсутен football-maniac

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #214 на: 08 Декември 2011, 20:11:49 pm »
После долго набљудување на пазарот со автомобили јас се решив за сузуки сфифт.Според мене со оваа цена од 10790 евра за моделот со 5 врати мислам дека му нема коннкуренција.На почеток се мислев меѓу корсата, пунто ево и цитроен ц3 (бидејки тие три најповеќе ми се допаѓаа) но кога ќе ги споредиш со сузукито резултатите се поразителни.Пунтото има смешни 60 кс, висока потрошувачка и покрај тоа што мислам дека е најдобар во внатрешноста отпаѓа.Корсата има симпатичен изглед со 3 врати, а со 5 мене ми е многу грда, Корсата има многу помалку опрема и исто повисока потрошувачка.Цитроенот ми изгледаше фенси на почеток но потоа сватив дека е повеќе женски автомобил а и французите со познати по високи трошоци за одржување.
Крајниот резултат е Сузуки сфифт кој има 94 кс, најмногу опрема, најниска потрошувачка, модерен изглед, барем за мене, ниска цена на редовни сервиси, држи висока цена ако го продаваш после неколку години, но сепак има неколку недостатоци како на пример мал багажен простор и малку наизглед неугледна пластика во внатрешноста.
И на крај сузуки е, јапонец е.

Присутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #215 на: 08 Декември 2011, 20:19:45 pm »
А кој ви гарантира дека свифтот ќе троши помалце од другите атмосферци со иста големина? Или така пишува во проспектот?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #216 на: 08 Декември 2011, 20:26:46 pm »
Ако е потрошувачката битен критериум тогаш се купува турбо-дизел, не знам зошто збориме за бандажи и лајсни.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #217 на: 08 Декември 2011, 20:39:52 pm »
па ако некој има ептен лимитиран буџет за кола верувам битна му е потрошувачката

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #218 на: 08 Декември 2011, 22:03:19 pm »
Разликата кај автомобилите со 60кс и 90 и кусур кс е што и покрај тоа што трошат приближно исто  поради приближен волуменски капацитет на моторите, иста тежина на возилата, значи иста работа која треба да да извршат двата мотори = исто потрошена енергија, овие од 90 и кусур коњски сили барем колку/толку пристојно одат, за разлика од оние со 60 кс, кои не одат и се тромави. Недај боже клима да имаш уклучено, опрости се од претицање.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #219 на: 08 Декември 2011, 23:28:50 pm »
да да се сложувам со Бауер, нека се земе ТДЦИ па понатака ќе се среди за бандажи.
Во моето досегашно искуство НИЕДНАШ не се средило нешто отпосле. НИЕДНАШ. Значи ако кажеш понатаму, готово заборави го тоа. (Освен ако не е мое па да се замарам)

После долго набљудување на пазарот со автомобили јас се решив за сузуки сфифт.Според мене со оваа цена од 10790 евра за моделот со 5 врати мислам дека му нема коннкуренција.На почеток се мислев меѓу корсата, пунто ево и цитроен ц3 (бидејки тие три најповеќе ми се допаѓаа) но кога ќе ги споредиш со сузукито резултатите се поразителни.Пунтото има смешни 60 кс, висока потрошувачка и покрај тоа што мислам дека е најдобар во внатрешноста отпаѓа.Корсата има симпатичен изглед со 3 врати, а со 5 мене ми е многу грда, Корсата има многу помалку опрема и исто повисока потрошувачка.Цитроенот ми изгледаше фенси на почеток но потоа сватив дека е повеќе женски автомобил а и французите со познати по високи трошоци за одржување.
Крајниот резултат е Сузуки сфифт кој има 94 кс, најмногу опрема, најниска потрошувачка, модерен изглед, барем за мене, ниска цена на редовни сервиси, држи висока цена ако го продаваш после неколку години, но сепак има неколку недостатоци како на пример мал багажен простор и малку наизглед неугледна пластика во внатрешноста.
И на крај сузуки е, јапонец е.
Добредојде! Фала за помошта, баш ми требаше некој со Свифт! :)
А кој ви гарантира дека свифтот ќе троши помалце од другите атмосферци со иста големина? Или така пишува во проспектот?
Тестиран лично од мене. Најмалку троши од сите основни бензничиња, а и неосновни. Само Приус и Инсајт ми извадија помали резултати на потрошња од Свифт, и дизели. Разгледај имам неколку теми со тестови.
Ако е потрошувачката битен критериум тогаш се купува турбо-дизел, не знам зошто збориме за бандажи и лајсни.
Но да не го забораваме одржувањето, не е само гориво колата. Дали и покрај тоа што е дизел фиестата, после 50.000 километри ќе дојдеш на исто рамниште? Или и тогаш ќе си во загуба? Тоа е прашањето. Во град потрошувачката на бензинецот свифт и дизел фиеста е доста блиска, со 1 литро разлика. Но затоа Свифтот има околу 4000 денари сервис, до 100.000. :)
па ако некој има ептен лимитиран буџет за кола верувам битна му е потрошувачката
Не, битни се и други параметри, како издржливост и цена на сервиси. Не е само потрошувачка.
Разликата кај автомобилите со 60кс и 90 и кусур кс е што и покрај тоа што трошат приближно исто  поради приближен волуменски капацитет на моторите, иста тежина на возилата, значи иста работа која треба да да извршат двата мотори = исто потрошена енергија, овие од 90 и кусур коњски сили барем колку/толку пристојно одат, за разлика од оние со 60 кс, кои не одат и се тромави. Недај боже клима да имаш уклучено, опрости се од претицање.
Обично кај моторите со слична кубикажа кај основните мотори, се работи за слични или исти перформанси прии нормална употреба под 4000 вртежи. 60 или 90кс, не прават никаква разлика. Особено ако тие со повеќето коњи ги имаат само на хартија, како повеќето корејски и кинески возила. За разлика од нив, турбо возило со 60кс дизел или не, ќе направи партали некое атмосферче со 109кс на хартија, особено при нормална употреба. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #220 на: 08 Декември 2011, 23:46:05 pm »
Разликата кај автомобилите со 60кс и 90 и кусур кс е што и покрај тоа што трошат приближно исто  поради приближен волуменски капацитет на моторите, иста тежина на возилата, значи иста работа која треба да да извршат двата мотори = исто потрошена енергија, овие од 90 и кусур коњски сили барем колку/толку пристојно одат, за разлика од оние со 60 кс, кои не одат и се тромави. Недај боже клима да имаш уклучено, опрости се од претицање.
Обично кај моторите со слична кубикажа кај основните мотори, се работи за слични или исти перформанси прии нормална употреба под 4000 вртежи. 60 или 90кс, не прават никаква разлика. Особено ако тие со повеќето коњи ги имаат само на хартија, како повеќето корејски и кинески возила.

Муабетот ми беше за ист тип на возило да речеме Grande Punto 65 и Grande Punto 95:
GP 1.2 65ks:
PERFORMANCE Top speed (km/h) 155
Acceleration (sec.): 0 - 100 km/h 14.5
0 - 1000 m sec 36.2
EC FUEL CONSUMPTION (l/100 km) EC Directive 1999/100
urban cycle 7.9
out of town cycle 5.1
combined cycle 6.1
CO2 exhaust emissions (g/Km) 145

GP Sport 1.4 16v 95ks:
Velocità massima (km/h)    178
Accelerazione (sec.): 0 ÷ 100 km/h    11,4
0 ÷ 1000 m (sec)    32,8
Consumi (Direttiva CE 1999/100) ciclo urbano (l/100 Km) 7,7
ciclo extra-urbano (l/100 Km) 5,2
ciclo combinato (l/100 Km)    6,1
Emissioni allo scarico CO2 ( g/Km) 145

Бидејќи ефикасноста на 1.4 16v моторот е за нијанса поголема, и потрошувачката е за нијанса помала - полесно се снаоѓа со истата шасија/тежина ;) А факторот „ИДЕ“ е далеку на страната на 1.4 16v во секој можен поглед. За возење со 2000-3000 вртежи во минута, со пола гас, кај што користиш 30-40кс, не праиме муабет, проблемот е кога ќе треба на рамното пред стража да претицаш дрварски камион со приколка, па убациш у втора, со 65-ката ќе се посереш дур да го претицаш, а со 95-ката, ќе иде доста поглат тој маневар :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #221 на: 09 Декември 2011, 07:47:54 am »
турбо дизелче со 60кс може само да прдне покрај 109кс, само ти тука зборуваш за Хјундаито. турбодизелчето има нормално појак момент ради тоа турбинчето ама очајни 60кс се очајни а бензин а ТД.

Со муабетот на Carrier166 потполно се согласувам, ти во нормално возење низ град никогаш не ги вртиш до крај сите КС на моторот ама тоа не значи дека треба стално косилица да земаш

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #222 на: 09 Декември 2011, 10:32:23 am »
Ја не знам што ве привлекува дополнителната опрема. На една кола најбитен е моторот. Џабе ми опрема ако имам срање под хауба.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #223 на: 09 Декември 2011, 10:43:55 am »
турбо дизелче со 60кс може само да прдне покрај 109кс, само ти тука зборуваш за Хјундаито. турбодизелчето има нормално појак момент ради тоа турбинчето ама очајни 60кс се очајни а бензин а ТД.
ТД со 60кс има многу повеќе сила до 3000 вртежи, отколку 109кс атмос до 4000. Проверено.

Ја не знам што ве привлекува дополнителната опрема. На една кола најбитен е моторот. Џабе ми опрема ако имам срање под хауба.
Нема многу избор кај моторите.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Нова кола до 10.950 евра. Тражили сте- Гласајте!
« Одговори #224 на: 09 Декември 2011, 10:46:34 am »
Ја не знам што ве привлекува дополнителната опрема. На една кола најбитен е моторот. Џабе ми опрема ако имам срање под хауба.

Опрема плус на сметка на мотор...?

Ако купува некоја баба само тогаш или некој од млaдиве сега што не смеат да возат коли со многу коњови да сака да му кошта повеќе колата а не смее да инвестира во помоќен мотор!   ;D