Тие се магнетски или HAL сензори најчесто, направени се за да не влијае на нив ѓубре и контаминација. Чистење обично ништо не помага.
Но, можно е и да не е сензорот дефектен со оваа грешка како што читам по нетов, можно е да е изместено палењето, односно компјутерот да ја исфрли оваа грешка недобивајќи информација во вистинско време (во зависност од сензорот на радилица, бидејќи двата сензори работат заедно, за да го одредат тајмингот за палење). Откако ќе смените сензор (прво нов сензор, секако), проверете го и палењето, односно да не скокнал ременот запче-две, доколку продолжи проблемот со палењето на автомобилот.