После цел месец акање по Скопје и околина барајќи Поло, и разни манипуланти, се одлучив да барам во Холандија и да си донесам сам. Така и бидна.
Од пазарење со сопственикот, до таблици во МК, помина точно 1 месец, и побрзо од тоа мислам дека е невозможно.
Малце за возилото.
После Голфот реална замена беше само Голф непарен, кој ќе мораше да биде 2.0TDI. После така подолго размислување, разумот победи за поекономично возило, поради тоа што ќе се вози доста. Така падна одлука да бараме Polo во 1.2 варијанта, да 3 цилиндра е, и не не штрака како што сите мислат, Голфот беше побучен во кабина.
Polo-то е земено од втор газда од Холандија, со комплетна сервисна историја придружена со фактури.
Од опрема нема што нема во споредба со тоа што се врти по нашиве огласи, климатроник, фабричка навигација, команди на волан, електрика на стакла позади, паркинг сензори позади, аларм...
Еве некоја сликичка, бојата ме ќефи ептен 😁