Направен редовен сервис сите филтри и масло.
Заменети задни амортизери, не ги биваше веќе, од ова легнативе полицајци преку таквото веќе.
Во последно време почна да цвили ПК каишот по малку и некој чуден звук ми доаѓаше од таму, растурено вчера, ролерот партал беше. Кога веќе се растури ме јадеше јанѕа малку и сменив сет ребраст со водна пумпа, ролер и ПК. Мирен сум сега, наредни 70.000км, само масло и филтри.
Купени денес и две нови Тигар 195/55 R15, од кај Смилевски.