Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Имено сестра ми имала сообраќајка во која другата страна била виновна кај белиер на стоп знак не застанала и свртела и ја удрила сестра ми во лево предно тркало воедно и го искривила тркалото и колата не била во возна состојба. Меѓутоа било касно навечер и сестра ми се потресла се исплашила не викнала полиција и направиле европски извештај и девојката што била крива си признала и се договориле да одат во осигурување во понеделник затоа што се случило во петок ноќта спрема сабота. Прашањето ми е дали осигурувањето ќе ја покрие штетата на сестра ми затоа што возилото не е во возна состојба, и дали може сега да се јавиме во полиција и накнадно да се направи полициски извештај затоа што девојката си ја признава вината.
Апдејт: во осигурителна не го признаа случајот иако девојката си ја призна вината. Не пратија во полиција во лисиче да си правиме записник. Таму ни рекоа дека можат само службена белешка да направат на веќе сторено дело а со тоа назад во осигурителна. Во меѓувреме виновниот одлучи сам да си ги сноси штетите, најверојатно не сака да инволвира полиција заради прекршочни и кривични постапки