Автор Тема: Прашање околу сообраќајна незгода  (Прочитано 1762 пати)

Отсутен Kostur

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Прашање околу сообраќајна незгода
« на: 05 Јуни 2022, 21:46:48 pm »
Имено сестра ми имала сообраќајка во која другата страна била виновна кај белиер на стоп знак не застанала и свртела и ја удрила сестра ми во лево предно тркало воедно и го искривила тркалото и колата не била во возна состојба. Меѓутоа било касно навечер и сестра ми се потресла се исплашила не викнала полиција и направиле европски извештај и девојката што била крива си признала и се договориле да одат во осигурување во понеделник затоа што се случило во петок ноќта спрема сабота. Прашањето ми е дали осигурувањето ќе ја покрие штетата на сестра ми затоа што возилото не е во возна состојба, и дали може сега да се јавиме во полиција и накнадно да се направи полициски извештај  затоа што девојката си ја признава вината.

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #1 на: 05 Јуни 2022, 23:45:10 pm »
Имено сестра ми имала сообраќајка во која другата страна била виновна кај белиер на стоп знак не застанала и свртела и ја удрила сестра ми во лево предно тркало воедно и го искривила тркалото и колата не била во возна состојба. Меѓутоа било касно навечер и сестра ми се потресла се исплашила не викнала полиција и направиле европски извештај и девојката што била крива си признала и се договориле да одат во осигурување во понеделник затоа што се случило во петок ноќта спрема сабота. Прашањето ми е дали осигурувањето ќе ја покрие штетата на сестра ми затоа што возилото не е во возна состојба, и дали може сега да се јавиме во полиција и накнадно да се направи полициски извештај  затоа што девојката си ја признава вината.

Zoshto da se zamarash so policii ako vinovnikot si ja priznal vinata i potpishal evropski? Kapak na se ako vikaat policija toa se plakja i ne e bash eftino (a nema potreba koga nema nastradani i si e priznata vinata)

Отсутен Kostur

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #2 на: 06 Јуни 2022, 00:12:05 am »
Затоа што европски не признавале ако едното возило не е во возна состојба. Така ми кажаа од муабет, а утре ќе одат во осигурување.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6919
  • French diamond
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #3 на: 06 Јуни 2022, 02:14:03 am »
И јас така прочитав мислам дека и на самиот европски стои, дека се пополнува ако возилата се во возна состојба и нема повредени, инаку треба полиција викање...мислам дека секако ќе ви признаат.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #4 на: 06 Јуни 2022, 07:28:20 am »
Нема да признае европски осигурителната компанија во таков случај, а полиција нема дополнително да искочи на терен бидејќи настанот е поминат.
Останува само лично да ја гони во случај да не сака да и плати.

Жал ми е, но правилата мора да ги знае секој. Штета е што овие работи не се дњл од обукта при полагање

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6538
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #5 на: 06 Јуни 2022, 08:22:10 am »
И возилото уште стои на местото на незгодата, пошто не е во возна состојба?

Сменете го делот со стар дел од отпад за да се доведи во возна состојба и одете си во осигурувањето, ич не ви текнува.
Ќе му оставате пари на апашите оти во некој член пишело нешто шо можи да се заобиколи.

Отсутен Kostur

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #6 на: 06 Јуни 2022, 15:05:11 pm »
Апдејт: во осигурителна не го признаа случајот иако девојката си ја призна вината. Не пратија во полиција во лисиче да си правиме записник. Таму ни рекоа дека можат само службена белешка да направат на веќе сторено дело а со тоа назад во осигурителна. Во меѓувреме виновниот одлучи сам да си ги сноси штетите, најверојатно не сака да инволвира полиција заради прекршочни и кривични постапки

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • хаУс мајстор
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #7 на: 06 Јуни 2022, 15:16:52 pm »
Некоја од мајка родена делува дека е. Само бидете претпазливи во секој случај.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17594
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #8 на: 06 Јуни 2022, 17:42:12 pm »
Порано доста полабави беа осигурителните, ако може да се придвижи колата пола метро, ја прогласуваа за возна состојба...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6538
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #9 на: 07 Јуни 2022, 07:24:18 am »
Moeто уште важи, можите во друга подружница да одите, само прашање е колку сакате да се замарате (реално повеќе виновникот треба) за да ја направите колата во возна состојба денес/утре, пред да дојди проценителот, или кој и да иди да ја гледа.

Отсутен Kostur

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #10 на: 12 Јуни 2022, 12:12:45 pm »
Може клуч на темава

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3820
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #11 на: 12 Јуни 2022, 14:33:36 pm »
Kako ja resivte rabotata🤔

Отсутен Kostur

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Прашање околу сообраќајна незгода
« Одговори #12 на: 01 Август 2022, 09:03:13 am »