Автор Тема: Peugeot 406 TD '99  (Прочитано 6634 пати)

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Peugeot 406 TD '99
« на: 05 Декември 2011, 00:09:07 am »
Здраво на сите :)

Потребна ми е помош во врска со мојот автомобил, и тоа за неколку проблеми.

Прв проблем
Тешко пали првиот пат. Потребно е повеќекратно греење. И после тоа, потребно е долго верглање за да запали. Откако еднаш ќе запали, малку да го повозам и изгаснам моторот, наредниот пат кога ќе пробам да запалам пали многу полесно. Доколку не го запалам моторот подолго време, повторно го имам истиот проблем.
Мислев дека чистењето на дизните ќе го реши проблемот, а исто така и замената на сите греачи, но не помогна.

Втор проблем
После гасењето на моторот, а и веднаш после палење, неконтролирано се вклучува вентилаторот за ладење на моторот. Мислам дека има два вентилатори, помал и поголем. Значи, моторот сеуште не ја ни достигнал работната температура, а системот за ладење веќе се вклучува. Се случува да е изгаснат автомобилот, а вентилаторот да продолжи да работи без потреба.

Трет проблем
Свети индикаторската сијаличка за вода во филтерот за нафта. Често светнува и сијаличката СТОП(имам заприметено дека се вклучува кога ќе се вклучи вентилаторот за ладење на течноста за ладење на моторот т.е. поврзано со проблем бр.2 ).

Четврт проблем
Вентилаторот од парното греење е во исправна состојба( механичкиот дел ). Но, доколку се помести малку (лево-десно) конекторот кој му донесува струја, престанува да работи. Во одредена положба работи, во друга - не. Дали е проблем електрониката на самиот вентилатор или е проблем само некој лем? Дали може да е посложен проблем - транзистор или слично, па да биде потребна замена? Дали некој веќе имал ваков проблем?

Однапред ви благодарам на сите кои ќе споделите некое искуство или знаење кое ќе ми помогне да решам некој од наведените проблеми.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #1 на: 05 Декември 2011, 00:15:34 am »
Здраво стотка,

Сега одам на спиење. Пошто за време на спиење најдобро размислувам на темава, утре сабајле ќе ти пишам. Ако не успееме нешто да оправиме (колективно како форум) ќе ти дадам контакт од добар мајстор за Пежо.

Добредојде на форумов и поздрав.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #2 на: 05 Декември 2011, 13:37:34 pm »
Вториот проблем е термостат, ако логично размислуваме.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #3 на: 05 Декември 2011, 13:45:48 pm »
Вториот проблем е термостат, ако логично размислуваме.

Термо прекинувач треба да биде тоа што ги контролира вентилаторите.
Филтерот за нафта го менуваш ли редовно? И доколку светнува за вода дека има, има ли вентил за испуст на водата?
Дали некогаш е закачена колава да се отчитаат грешки?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #4 на: 05 Декември 2011, 13:48:11 pm »
Четвртиот проблем го имав на пежо 405 срамота што кај 406ката не го решиле. Контактот на страната на моторот од вентилаторот по некое долго користење почнува да се загрева и ја топи пластиката каде што лежи. Јас го решив така што на него си закачив од оние кабел папучите директно од тогаш сум немал никаков проблем.
Немој да пробуваш да го залепиш да не мрда бидејќи не пали таа финта помината ми е, по кратко време пак ќе почне да те зеза. Значи како знаеш обезбеди добар контакт долу кај конекторот

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #5 на: 05 Декември 2011, 14:27:41 pm »
Значи, моторот сеуште не ја ни достигнал работната температура, а системот за ладење веќе се вклучува.

Поради ова се посомневав на термостат.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #6 на: 05 Декември 2011, 14:46:34 pm »
Еве ти уште некоја идеја ;) :

1. Стави уље со градација 0W-40; Измери компресија; стави адитив у уљето
2. Провери/смени го сензорот за температура на моторот
3. Стави адитив у горивото
4. Послушај го nikola_bb

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #7 на: 05 Декември 2011, 15:36:33 pm »
Значи, моторот сеуште не ја ни достигнал работната температура, а системот за ладење веќе се вклучува.

Поради ова се посомневав на термостат.

???  Термостат викаш а, си слушнал нешто ама не си разбрал добро како работи. Што се однесува до проблемот со вентилаторите ако ти е колата со клима провери го пресостатот за фреон нешто ме асоцира на тоа дека викаш двата вентилатори вртат, ќе го провериш така што кога ќе се вклучи перката ќе го одштекаш ако застани тогаш до него е проблемот ако не друг проблем имаш, понатаму продолжуваш ке го одштекаш автоматчето за вклучување на перката ако застане значи тоа ти е дефектно а што се однесува до сензорот на температурата можно е да не е во ред но не ми се верува ради него не може да ти се уклучува перка ама може да ти кажува дека не е загреан моторот а тој да е загреан.

Проблемот со палењето, ако веќе си сменил греачи види дали доаѓа струја до нив и колку затоа што може да има пад на волтажата ради некоја слаба маса неисправно реле и ред други работи, втора работа ќе си го провериш тајмингот на бошот и тоа како ти е назабена брегастата да не префрлила некој заб, и на крај компресија ако немаш доволни познавања од механика и електроника мислам дека ќе ти е потешко да се справиш позз

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #8 на: 05 Декември 2011, 16:19:23 pm »
Ви благодара на сите кои досега споделивте со мене искуство и знаење за решавање на мојот проблем.
Ќе се обидам да ги решавам проблемите користејќи ги вашите предлози. Да не ми се налути некој ако се обраќам посебно некому, само ќе кажам дека некои работи што ги споменавте( повеќето) се нови, така да сите ми се од корист. Последниот коментар е најдетален и мислам дека прво ќе започнам со примена на неговата содржина. Уште еднаш фала. Ќе се обидам да ги решам проблемите за кои ми понудивте решение и ќе ве известам :) Поздрав до вас.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #9 на: 05 Декември 2011, 16:36:40 pm »
Во случај да не ја упраиш обрати со до мене јас ќе ти кажам решение на сите твои проблеми! ;D

Среќна и успешна работа ! :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #10 на: 05 Декември 2011, 16:41:27 pm »
Во случај да не ја упраиш обрати со до мене јас ќе ти кажам решение на сите твои проблеми! ;D

Среќна и успешна работа ! :)
Шо бе и коли да не поправа девојчето?

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #11 на: 05 Декември 2011, 16:42:53 pm »
Во случај да не ја упраиш обрати со до мене јас ќе ти кажам решение на сите твои проблеми! ;D

Среќна и успешна работа ! :)
Шо бе и коли да не поправа девојчето?

Кое девојче? :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #12 на: 05 Декември 2011, 16:45:34 pm »
Во случај да не ја упраиш обрати со до мене јас ќе ти кажам решение на сите твои проблеми! ;D
Среќна и успешна работа ! :)
Шо бе и коли да не поправа девојчето?
Кое девојче? :)
Па таа што „масира“...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #13 на: 05 Декември 2011, 16:47:24 pm »
За кое девојче мислиш...стварно не ми текнува? :)

А решението е многу едноставно само треба да го знаеш!!! ;D
« Последно менување: 05 Декември 2011, 17:19:16 pm Sportex »

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Peugeot 406 TD '99
« Одговори #14 на: 05 Декември 2011, 17:24:50 pm »
Краток осврт на проблем бр.1 - Ако компресијата е во ред, можен проблем е и воздух во системот за вбризгување гориво; (ова како колега со стандарден турбо дизел мотор) значи проверка на цревата околу филтерот за нафта до пумпата за гориво, а потоа и останатите црева. Поздрав и со среќа