Здраво на сите
Потребна ми е помош во врска со мојот автомобил, и тоа за неколку проблеми.
Прв проблем
Тешко пали првиот пат. Потребно е повеќекратно греење. И после тоа, потребно е долго верглање за да запали. Откако еднаш ќе запали, малку да го повозам и изгаснам моторот, наредниот пат кога ќе пробам да запалам пали многу полесно. Доколку не го запалам моторот подолго време, повторно го имам истиот проблем.
Мислев дека чистењето на дизните ќе го реши проблемот, а исто така и замената на сите греачи, но не помогна.
Втор проблем
После гасењето на моторот, а и веднаш после палење, неконтролирано се вклучува вентилаторот за ладење на моторот. Мислам дека има два вентилатори, помал и поголем. Значи, моторот сеуште не ја ни достигнал работната температура, а системот за ладење веќе се вклучува. Се случува да е изгаснат автомобилот, а вентилаторот да продолжи да работи без потреба.
Трет проблем
Свети индикаторската сијаличка за вода во филтерот за нафта. Често светнува и сијаличката СТОП(имам заприметено дека се вклучува кога ќе се вклучи вентилаторот за ладење на течноста за ладење на моторот т.е. поврзано со проблем бр.2 ).
Четврт проблем
Вентилаторот од парното греење е во исправна состојба( механичкиот дел ). Но, доколку се помести малку (лево-десно) конекторот кој му донесува струја, престанува да работи. Во одредена положба работи, во друга - не. Дали е проблем електрониката на самиот вентилатор или е проблем само некој лем? Дали може да е посложен проблем - транзистор или слично, па да биде потребна замена? Дали некој веќе имал ваков проблем?
Однапред ви благодарам на сите кои ќе споделите некое искуство или знаење кое ќе ми помогне да решам некој од наведените проблеми.