Автор Тема: BMW F30 335i xDrive M Sport  (Прочитано 69965 пати)

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 126
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #585 на: 12 Јули 2025, 22:48:54 pm »
Минатава недела ја исполиравме фолијата и ставена керамичка заштита Sonax Extreme.
После третманот бојата баш се освежи и многу убаво личи на сонце.

Една бонус фотка од денес со М2ката на @andrejnaumovski пред вожња до Козјак  ;D

Отсутен Boyan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #586 на: 13 Јули 2025, 19:12:05 pm »
Со здравје да се вози, безброј безбедни километри и нула проблеми со количево.
Те видов вчера сабајле коа ја сликаше тука, јас ја гланцав мојата кола :)
« Последно менување: 14 Јули 2025, 11:11:30 am Boyan »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #587 на: 14 Јули 2025, 09:50:04 am »
Ептен ептен прави мерак колилчево. Браво! Баш ми е мило што е кај мераклија.

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 126
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #588 на: 14 Јули 2025, 23:49:46 pm »
Ептен ептен прави мерак колилчево. Браво! Баш ми е мило што е кај мераклија.

Со здравје да се вози, безброј безбедни километри и нула проблеми со количево.
Те видов вчера сабајле коа ја сликаше тука, јас ја гланцав мојата кола :)

Фала Ви 😁
Инаку викни, дигни рака ако налетаме пак, ќе скршиме некој муабет.

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 126
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #589 на: 08 Август 2025, 23:03:17 pm »
Еден заеднички пост за неколку нови детали околу колава  ;D

Прво, најконтроверзниот од сите у темава, темпомат, добредојдовте у 2005та година ;D
Го пробав, супер работи на отворено, покажува инфо и на HUD дисплејот.


Теписонски патосници и М спорт педали за гас/кочница. Претходните патосници дека се гумирани, ќе ги користам повеќе зимно време, овие за додека е посуво. Во врска со педаливе, од некоја причина F серијата на BMW во М Спорт моделите има гумени педали за гас и кочница, само потпирачот е алуминиумски.


Exhaust tips. Оригиналните беа доста корозирани и уништени, а новите се малку поголеми, црни и поставени под агол, што ми личи поубаво.
Мораше чеканот да игра за демонтажа/монтажа.


Исто и 335i беџ си доби позади и суптилни држачи за таблици. Вака изглеа од позади комплет  ;D


И за крај, плаво старт копче, да ги заокружи плавите детали во ентериерот и бојата надвор.