^ Eве едно баби и жаби питањце во врска со последниов пост.
Ова погоре е 20 години стара Опел/Косворт рејсинг технологија со спецификации какви што постирав.
Прееска земав да играм Форза и со Опел ДТМ извозев круг на Нирбургринг за 9 секунди побрзо од Ферари Ензо.

Далеку од тоа дека е 100% меродавно, али верувам дека и во реалност би се случило нешто слично, дури и во споредба со новиве 918, P1 и сл.
Прашањата, колку и да се глупи, се за поупатените и гласат:
Како е можно 20 години стара рејсинг технологија (немора да е Калибра ДТМ. нека е Ауди кватро група Б) да е до толку понапредна од аспект на перформанси од денешните модерни суперавтомобили кои коштаат по 6 цифри?
Чисто сумњам дека Пагани Хјуаиааара ќе извози побрз круг од ова погоре.
Да, знам дека Калибрата од погоре е скоро цела карбон фибер и дека е едвај 1000 кг, али ете ја..капом и брадом дреме во музеј, а ако је изнесе некој да ја вози којзне што време ќе извади....
Што ги спречило и што сеуште ги спречува производителите да на ваков хардкор модел да стават 2 седишта и шалтабла и да го продаваат како некаква хардкор варијанта како што тоа денес е случај пример со Пагани Зонда Р?
Очигледно е дека знаењето го имаат, аеродинамички се стакло а шест цилиндарскиот К2 мотор од Косворт си врти до 13.000 без проблем и развива околу 500 КС.