Новата Opel Astra стана ѕвезда во компактната класа - таа го доби автомобилскиот оскар, златниот волан што го доделуваат Bild am Sonntag и Auto Bild. Заеднички организирана од страна на двете германски редакции, ова престижно признание за секој што ќе го добие е доказ за посветеноста во работата и постигнатите резултати од неа. Свечената манифестација на неговото доделување која се одржа во Берлин ја збогатија највисоките претставници на Opel предводени од шефот на групата д-р Карл-Томас Нојман. Тој во оваа пригода изјави дека златниот волан е најважното признание за најдобриот Opel што било кога го направиле, заради што се чувствуваат многу горди. Astra е и најважен автомобил во производственото портфолио на Opel, а златниот волан докажува дека целиот труд се исплатил.
Нова Astra која во продажните салони ќе се најде дури идниот месец веќе започна да освојува значајни признанија. Пред златниот волан таа за своите IntelliLux LED Matrix светла ја доби SafetyBest 2015 наградата која и ја додели најсеопфатното независно европско автомобилско жири AutoBest. Сето ова ја прави новата Astra предодредена за големи успеси, факт што не остана незабележан од жирито кое ги доделува златните волани составено од читатели, стручњаци и познати личности,меѓу кои и тркачката легенда Валтер Рерл.
Opel досега за новата Astra има добиено повеќе од 40.000 порачки.
http://www.avtomagazin.com.mk/opel-astra-se-zakiti-so-zlaten-volan.nspx