@zlatkoa , да бидам искрен, мислам дека не е толку проблем до моторите и мењачите, колку што е до тежината. Стварно не ми е јасно зошто се (или беа) толку тешки.
1.5 ТБ во новата Инсигнија е сосема солиден турбо бензинец. 1.6 ТД кај мојата, сеуште ме фасцинира со снага, испорака на снага, економичност и рафинираност.
Мењачот дури и кај прошлата (плавата) Инсигнија, која имаше малтене 180000 поминато кога ја земав, беше подобар од тој кај Grandland X што го возев пред некое време.
Од друга страна, ме фрапираше 1.2 ТБ моторот кај “џипо”. Исто така, тежината на истиот беше околу 1350 кг, што е далеку од лошо, имајќи предвид за каков тип на возило станува збор.
Се надевам дека ќе имаат плодна соработка.