„ Опел“ примил 30.000 нарачки за новата „Астра“ .
Новата генерација на „Астра“, компактниот модел на „Опел“, беше претставена на салонот на автомобили во Франкфурт. Иако продажбата официјално почнува од 10 октомври, компанијата соопшти дека веќе 30 илјади луѓе изразиле желба да ја купи новата „Астра“.
Мери Бара притоа ја најави и офанзивата на новите модели на „Опел“.
– Од 2016 до 2020 година ќе лансираме 29 нови и обновени возила, вклучувајќи и електричен автомобил и уште еден топ модел што ќе се најде покрај „Инсигнија“. Овој сосема нов СУВ ќе почне да се произведува во Риселсхајм до крајот на декадата, изјави Бара.
Идната цел е јасно дефинирана – „Опел“ си постави задача до 2022 година да стане вториот по големина производител на патнички автомобили на европскиот пазар, по освоеното трето место во 2015 година.
Бара верува дека една од клучните напредни технологи е автономното возење.
-Тоа е нешто на што „ГМ“ и „Опел“ темелно работат. Во следните пет до десет години ќе бидеме сведоци на повеќе промени во автомобилската индустрија отколку што ги имавме видено во изминатите 50 години, рече Бара, нагласувајќи дека визијата претставува свет на автомобили без сообраќајни несреќи.
Новата „Опел Астра“ со сите свои безбедносни системи е важен чекор во тој правец, додаде таа.
http://a1on.mk/wordpress/archives/529992