Клучниот момент меѓу жолт и црвен картон е дали Нани го виде Арбелоа...
Често гледам Match of the Day од Англиската лига, каде што има вакви стартови, и тој факт е одлучувачки дали играч ке биде исклучен или не...
Она што не го видов во првата снимка е дека се доби впечаток дека Нани се оттурна од Арбелоа по стартот...
Втората грешка што ја направи е што остана да лежи "повреден" и не стана веднаш да му се извини на Арбелоа...
Со 11 на 11 на терен, Реал никогаш немаше да помине понатака. Беа како Барселона против Милан...
На Јунајтед му останува да жали за престрого досудениот црвен картон, и шансите што ги имаа...
Посебно во првиот меч, а и стативата на Видиќ синоќа...
Мала вина и кај Фергусон кој требаше да реагира веднаш по црвениот картон и да го извади Ван Перси, откако Мурињо повлече бек а пушти средишен играч со што почна голот да ни виси ...
Оние пореалните навивачи на Реал си признаваат дека многу тешко ке не поминеа доколку останавме комплетни до крај, но што е, тука е...
И да, и јас го имав она чувство дека Роналдо не играше како што знае, и намерно шутираше во Де Геа.. Знаеше дека 2 гола се недостижна предност и покажа дека уште си го сака Јунајтед...
Очекувајте негов трансфер летово назад, а за година две и Мурињо по начинот на кој се однесуваше синоќа...