Прво: Кога Јунајтед бил привилегиран тим од страна на судиите во ЛШ? Англиските тимови никогаш немаат таква чест

Во Англија е друга приказната, но не збориме за Англија тука.
Второ: Реал го надигра Манчестер во двете утакмици? Реал во овие две утакмици одигра 15 минути како сакаше, вчера кога ги даде двата гола. И еве до крај дека се одбрани, односно голманот фати се што можеше да фати.
Во првата утакмица Мурињо се нервираше дека Реал држеше топка цел натпревар а даде само еден гол и создаде дали уште 2-3 шанси. Додека пак Манчестер имаше мизерен посед, ама даде гол и создаде повеќе сериозни шанси од Реал, и секако и тогаш судиите беа на страната на Реал, но не како вчера да ја упропастат утакмицата.
Вчера до 50та минута Реал не направи ништо, освен што ја држеше топката. Манчестер даде гол и направи уште некоја шанса.
Руни не играше од почеток затоа што Велбек успешно го чуваше Алонсо, се додека не беше приморан да игра лево и да го остави Алонсо да ги разигрува другите, заедно со Модриќ.
И самиот Мурињо на крајот кажа дека подобриот тим отпадна, иако тоа е дел и од улизувањето за да дојде во Манчестер после Фергусон
