После вакво финале и резултат од 4-0 може да се каже само честито и ништо повеќе.Мислам дека Прандели ептен залута со тактиката и направи многу лоши измени.Место да го извади Касано кој е главен креатор во нападот можеше да го извади Маркисио кој тотално се изгуби и никаде го немаше,а па уште поголема глупост е кога на 2-0 проба да брка гол со Тиаго Мота кој воопшто не е офанзивен играч и место него можеше да влезе Диаманти или Џовинко кој воопшто не го употреби цело европско.Како и да е и ова е успех за репрезентација која сите ја отпишаа уште пред да почне првенствово и покажаа дека во Италија е сменета комплетно филозофијата на игра и се игра далеку понапаѓачки одколку познатото катанаџо.