Вардар може да биде среќен што со онаква киксерска одбрана не прими гол ...
Не ми е јасно, и многу ми е криво, зашто играт фудбал како да се во Општинска лига?
Мајку му, така се игра таму, од одбрана лупаш напред и се надеваш на кикс на последниот одбранбен играч, од 5 такви шанси една ке утне ...
Како и да е, криво ми е што не се пласираа понатаму, од аспект на тоа дека е Македонски клуб, имаа огромна предност пред натпреварот ...
Втора работа која можеа да ја научат денес од Белорусиве е лежење на трева ...
Тоа и требаше да се прави во првиот натпревар ...Водиш 2-1 на гостински терен, лежи, држи време... Неискуство ...
На Вардар очајно му требаат везни играчи ...
Дечкото што е екстремно брз, требаше да игра од почеток ...
И за крај, секоја чест за 4-те медицински сестри кои успешно реанимираа еден чичко на кој што му се слоши на трибините, буквално го вратија во живот, човекот беше со загубен пулс ...
Уште еднаш, штета за Вардар, се надевав на многу подобро издание, нели, понесени од атмосферата, публиката, домашниот терен ...