Busav не си пишал која година е
Регистрација до кога.
Процедурално: До сеа едино со Пасатот немав „проблем“ за продажба.
Доаѓа...колку пари шефе? Толку пари. Отидовме в банка. Ми префрли. Отидовме на нотар. Си дадовме рака.
Колата ја продадов за помалку од 24 часа.
Се сеќавам Зафирата кога ја продадов, еден ми дојде со лупа (буквално лупа) и LED сијалица, сред бел ден.
Секој cm од колата ја прегледуваше, да видел дали е фарбана.
Гледаше неправилности во лакот што ќе му го кажело тоа.
Му вика, друже колава е 11 години стара, увезена, сигурно некој некогаш нешто офарбал.
„Ааааа не, јас морам да видам секој cm".
На крајот најде една цртичка на предно десно крило и ми вика „Ааа ова сводчето е фарбано. Добро го офарбале ама нешто мајсторот се брзал„. И баш го прашав што забележал.
Ми покажа една цртичка буквално 5mm под самиот лак, во самата боја - цртичка што се гледа директно со LED и тоа било китчето што го ставиле и кога го бруселе не го израмниле убаво.
Какви фаќин пациенти човече