Dell U2722DE. Тоа ми е следно на листа. 
На работа имаме 15ина вакви веќе скоро 3 години.
Сликата и можностите на мониторот се одлични.
Проблемот е што 4 од мониторите се расипаа во првите 2 години од користење.
Сите се поправени под гаранција, но сепак it's a bitter taste.
Дома сега имам P3223QE кој после една година исто испушти душа (не даваше слика).
Ми го заменија под гаранција, но како и при секоја ваква друга интервенција, добиваш refurbished монитор, не нов.
И новиот има мана со backlight bleed, но во моментов ме мрзи пак да се расправам со сервис и да чекам замена.
Моето искуство со DELL монитори во последниве 2-3 години не е баш најсјајно и планирам следниот монитор да биде од друг бренд.
Исто и јас имам лошо искуство со U серија на DELL.
@zeroSignal на таа димензија земи си 4К монитор. Овај на пр. DELL 27” U2723QE или некој заменски.
4К на 27 инчен монитор е рецепт за downscaling да правиш само, не иде. Јас имав Philips 27" 4К, премал е за таа резолуција. Непишано правило 24ка 1080п, 27ка 1440п, 4К за 32 инчи и нагоре.
Така е, имам 2 27ци 1080 резолуција и 14 инчен олед екран на лаптоп 2к резолуција. Повеќе не би купил испод 2к на 27ца, додека олед иако стварно дава одлична слика, не би земал за монитор заради замарање за burn in. На лаптоп ми е изгасне мониторот 99% од времето па не му се замарам, ама на екстерен монитор ќе мора сите статички статус барови да се тргнат.