Како добиваш refurbished монитор под гаранција ако го менуваат?
Од каде го купи и каде ти го сменија?
Сите големи брендови (DELL, HP, Lenovo итн.) голем дел од заменските делови ги обезбедуваат од refurbished процес во кој се поправаат вратени расипани компоненти.
Во ова не игра улога дали уредот е под гаранција или плаќаш за поправката, делот што ќе стигне е од истиот stock.
Од искуство (и кориснчко и како инженер кој бил во процесот на поправка или замена на делови/уреди) самите локални сервисни партнери немаат овластување за никакви вистински поправки на уредите.
Се се сведува на замена на целосни компоненти (Матична плоча со процесор, рам, диск, дисплеј, напојување, куќиште и сл).
Имам претстава дека кај мониторите при хардверски дефект на диспејот (плоча, дисплеј и сл) се праќа целосно нов монитор со исклучок на stand-от. Истото беше направено и во мојот случај.
Мониторите на работа се купени од Нексио и сервисирани преку нив.
Домашниот монитор е купен индиректно од Аитоникс и таму е сервисиран.
И претходниот монитор DELL P2719HC исто го имав купено преку нив.