Моментално работам на MacBook Pro со М1, 16гб рам и 512 ссд. Нов сум на MacOS, уште го учам...
Цел живот до сега сум бил на Windows, последниот лаптоп ми беше Lenovo y530 Legion со i7 8750, GTX 1050 Ti, 16рам, samsung NVMe..... работам дизајн на него, разликата во брзина не се опишува со зборови, не е хумано колку е побрз мек-от со работа на големи фајлови, многу артборди, елементи и едно чудо тракатанци отворени во позадина, го нема ни да засецка, ни да се помисли... Уште го немам слушнато вентилаторот да се уклучи, ладен е цело време... За разлика од Lenovo-to, што цело време бучат вентилаторите, плус при оптоварување почнува да трокира работата...
П.С. на јутуб има едно чудо споредби за да се види ефикасноста на MacBook Air со само 8гб рам....
Како што кажав, за некоја илјадарка плус, доколку не е проблем MacOS и компатибилност на софтвер, нема подобар избор од MacBook Air со м1...