@cdyane извини што ќе ти ја узурпирам темата.
Миле јас сум од тие будалите што менуваат глицерин по пропис. Глицеринот не се користи само за кочниците, туку се користи и за куплунгот. Затоа има пет чепа за испуштање. Се менува на две години, затоа што глицеринот не прима вода/влага преку капачето, туку преку микроскопските пукнатини на самите црева (поради таа причина сите performance brake lines (по наше цевки за спортско кочење) се направени од метал и се цевки, а не црева).
Со тек на време и многу агресивно кочење, таа течност што е најблиску до дисковите се загрева, лади, загрева, лади. Минимални количини на вода во него ја спуштаат температурата на вриење на самата течност и со тоа самиот флуид ги губи дизајнираните карактеристики. Користењето на куплунг во градска средина, уште повеќе ја влошува ситуацијата.
Тоа можеби во Македонија не е важно (во Македонија уствари ништо не е важно, оти сме полни со инжинери, експерти, сезнајковци), ама на места кадешто се вози со огромни брзини да имаш калпав систем за кочење е рамно на самоубиство.
И најчесто кога менуваш глицерин, во казанчето е безбоен и проѕирен, кај дисковите/куплунгот е црн/кафеав/темен/гаден. Процедурата е додека не протече проѕирен, оставаш да тече низ чепот на шепата. Најгаден излегува од кај чепот кај куплунгот.