Дали некој знае која би била постапката за увоз на нов автомобил од Бугарија? Пример да го земеш таму без ддв за извоз и да го увезеш и да си платиш ддв во севернава? Бидејќи за 34к со ддв се зима нов x-trail со фулл опрема. Под фул мислам на хибрид автоматик со дигитален кокпит, панорама, лед.
Баш го отворив nissan.bg во private прозор, да им ги видам понудите. Хибриден x-trail (според
нивните понуди, не разбирам бугарски, па може и да грешам) за 34к со фул опрема нема, има за 43к во Accenta ниво на опрема.
Него, а зашто да го увезуваш? Вози си го на бугарски таблици, ко до сега.
На возило од 30к евра да имаш 14к давачки кон државата е криминал. Да имаш домашно производство па да се штитиш од увоз е разбирливо но во нашиот случај ова е чист криминал
Таа ни е тажната реалност, и така е веќе... Ух, 20-тина години. Давачките за увоз на возила ни се ненормални, ко да живееме во Данска, не во Македонија.
Мислам ( не сум сигурен ) дека не смее да се увезува возило под (тропам сеа) 10000км и треба да е минимум 6 месеци старо.
Не сум слушнал за такво нешто до сега.