Автор Тема: Измами околу препродажба на автомобили  (Прочитано 9723 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #60 на: 15 Септември 2022, 09:04:26 am »
Моторот е стварно супер, има минијатурен проблем со едно мало сито во цевка за масло што води кон турбото (се затнува од наслаги) и може да го остави турбото без масло.

Луѓе или го вадат ситото, или често го чистат, и си тера.

Втор познат проблем е бакарни шајбни на дизните за гориво - тие се реално и потрошен материјал кај некои производители - така да нека погледне мајстор дали има гориво околу нив. Ако има, нека ги менува.

Ако нема, направете и голем сервис, и со здравје да си ја возиш колата, да и направиш до 200.000 на километражник, па тогаш да си ја огласиш за продажба :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #61 на: 15 Септември 2022, 09:44:46 am »
Ме измамија на еден плац во Ск. Тоа што не ми дадоа да ги видам документите пред да потпишам на нотар требаше да ми е red flag. Но колата делуваше многу нова внатре, моторот звучеше совршено (бев со саглам мајстор). Откако потпишав, во оригиналните документи видов километража. Во очи го погледнав и му викам толку е возена, ме прави будала и ми вели „не бе тоа некоја шифра е“. Знаев дека лаже, ама пуста јас да не испаднам некултурна... Потоа со број на шасија си извадив извештај од autodna, се потврди дека е возена 280к, а не 135к како што беше излажал продавачот. Знаев 100% дека е враќана, и си реков ок...сите враќаат, 10 години е стара, едно 50-60к е враќана... е не, без ич усул, 150к е враќана... колата си работи солидно, ама мене ми е шубе да ја возам. Да земам таблици и веројатно ќе ја продадам... Жалам што ќе ми ја земат претходната утре, веќе договорив со купувачи... Арам да им е, парите 13 години ги штедев...

Закаснета реакција, ова е прв чекор за да провериш кола која ти привлекла внимание.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #62 на: 15 Септември 2022, 11:50:06 am »
@Amy87 Не знам со тужбата колку би имала успех а и нерви, со трошоци во старт за такса за тужба, вештачење од експерт, рочишта на суд и сл. Јас не би му останал должен, прво со усмена опомена пред тужба со барање за враќање на дел од платената сума (барем 10% од вредноста на колата) или да ја вратиш колата а ти го вратат целиот платен износ со рок од 8 дена (тука би дошол со познаникот кој ти бил врска), а после тоа со писмена опомена пред тужба (препорачано). Не се знае, може да упали, ама убаво да ја составиш опомената, најдобро адвокат.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #63 на: 15 Септември 2022, 11:56:10 am »
Џабе е тужба. Купопродажниот го брани, не те натерале со сила да ја купиш.
Веќе ни на пријател не можеш да се наслониш и веруваш.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #64 на: 15 Септември 2022, 12:06:09 pm »
Битно е како ќе ти се погоди само.

Што ако мојата беше со 50.000км, со сервисна, со каско, само во овластен.... Ништо апсолутно нема врска. Кај мене е мотор со фабрички маани и проблеми, па сменив се што можеше, не ме фати ефтино, ама тоа е...

Така да нека не ти се крши ќејфот, вози си и уживај, сега да треба да бирам кола попрво би земал со 200.000км возена на отворен пат него со 50.000км возена у наши услови со тргни застани и пали гаси на секој километар.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #65 на: 15 Септември 2022, 12:09:45 pm »
Затоа е најубаво ново со 0 км.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1769
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #66 на: 15 Септември 2022, 12:13:29 pm »
Не се разочарувај, 99% од плац се со 300к и повеќе. Нема кола увезена што не е околу 300к, освен нели сами што си носат и си плаќаат фини суми за нив. 300к иако не е малку, секако е изамортизирана колата, сепак ќе вози уште доста. Кола со 120,130к ќе те коштала дупло од тоа што си платила, најверојатно. Пиши колку ја зема за да знаеме дали си ја преплатила.

Познаник исто земал со 150к, колата топ задоволен, проверивме на карвертикал испадна 300к. Му се скрши филмот ама за парите кои ги даваме не може дупло помала километража. Глеј да е зачувана колата, километрите се тие секаде.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #67 на: 15 Септември 2022, 12:13:59 pm »
па сменив се што можеше, не ме фати ефтино, ама тоа е...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #68 на: 15 Септември 2022, 12:47:23 pm »
Затоа е најубаво ново со 0 км.

Нема ново за 5 бона.  :)

ЕДИТ:
Не можам да сватам како од плац е поефтино да се купи кола. Кај цените се на ниво со приватник, туку и од старт имаш трошоци од најмалку 500€, регистрација, мал сервис, и уште нешто што е „ситно“ (според продавачот) шо треба да се среди и се познава. А каде е тоа шо допрва ќе излези... Сервисна историја, од книшката само масло и филтри, од метал ништо не се променило на колата, што значи тебе ти дојде редот.  ;D
« Последно менување: 15 Септември 2022, 12:56:30 pm Power to the people »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #69 на: 15 Септември 2022, 12:50:51 pm »
Тоа ти е просечен македонски продавач, педер.

И јас купив веспа пред 1 месец, ја оставиле без вода, одкако ја наполнив видов дека течи од еден семиринг, затоа ја оставиле без вода тие, исто и километрите како во твојот случај ги направиле во миљи, наместо во км, па испаднаа уште неколку илјади плус кога го наместив во км...ама за 50€ се среди и не ми е криво што ја купив, пошто уште од старт ми се допадна.

Јас чисто од радозналост пуштив една пријава во ДПИ против Гоце "моторџијата" од Велес, ама нив ги боли уво и не ме контактираа воопшто.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #70 на: 15 Септември 2022, 12:55:21 pm »
Затоа е најубаво ново со 0 км.

Нема ново за 5 бона.  :)
Мислев на коментарот на АУУУ.
Или како еден другар, првата кола гледаше да е здрав моторот и не виде дека каросеријата е со фалинки.
За наредната кола ќе гледал да е здрава каросеријата, моторот така/така (се правел моторот), не успеа скроз да го оправи.

Всушност, и за нова кола како ќе се погоди :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #71 на: 15 Септември 2022, 16:54:25 pm »
Па и не е некоја измама ако се вратени километрите.. Незнам више кој воопшто гледа километри на 10+ години стара кола..

Работам во технички преглед и дневно возам 30тина возила.. Има од први газди коли со 150.000км што буквално се распаѓаат а има и со по 600.000 и се како нови.. Баш денес пасат дојде со 520.000км 2.0 тди во одлична состојба, неистрошен.. Баш го прашав што е како е, вика го имал од 300.000, еднаш турбо сменил на 400.000 и комплет ламела замаец.. После 1 час иде друг со пишани 220.000 во далеку полоша состојба сега го купил..

Кај плацевите и увезениве коли да се пази кога се зема, имаат доста коли дојдени на кои што кажано им е дека е платено давачки до регистрација а немаат хомологација при што ги кошта плус 100 евра и 10тина дена чекање..

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #72 на: 15 Септември 2022, 17:47:06 pm »
Пре би купил од страна со 280.000 него кај нас со 150.000 км
Кај нас се мењава уље на 3 години пошто поминувал по 4.000 км годишно.
Антифриз се мењава само во случај црево ако пукне.
Клима се проверува кога ке рикне.
Глицерин никогаш, само се дотура...
Плочки /дискови лист кога ке станат и така.
Вози си го лавчето и накриви си ја капата



Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #73 на: 15 Септември 2022, 18:54:40 pm »
Кај нас барем ги пазат затоа што немаат пари за друга, ако ја искршат нивната, а на запад к*р ги боли, гас до патос дали било здрав патот или бил искршен/калдрма не се замараат многу, пошто 90% им се лизинг и ги менуваат за друга на 5-6 години :) А масленце се знае, стандард на 30К.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измами околу препродажба на автомобили
« Одговори #74 на: 15 Септември 2022, 22:23:23 pm »
Пре би купил од страна со 280.000 него кај нас со 150.000 км
Кај нас се мењава уље на 3 години пошто поминувал по 4.000 км годишно.
Антифриз се мењава само во случај црево ако пукне.
Клима се проверува кога ке рикне.
Глицерин никогаш, само се дотура...
Плочки /дискови лист кога ке станат и така.
Вози си го лавчето и накриви си ја капата



Sent from my M2102J20SG using Tapatalk


На камионот 500К км немам сменето антифриз и не планирам да го сменам,и на ниту едно возило досега не сум имал проблем ради не менување антифриз на секои 2год.(како некои шо практикуваат).


God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D