Ме измамија на еден плац во Ск. Тоа што не ми дадоа да ги видам документите пред да потпишам на нотар требаше да ми е red flag. Но колата делуваше многу нова внатре, моторот звучеше совршено (бев со саглам мајстор). Откако потпишав, во оригиналните документи видов километража. Во очи го погледнав и му викам толку е возена, ме прави будала и ми вели „не бе тоа некоја шифра е“. Знаев дека лаже, ама пуста јас да не испаднам некултурна... Потоа со број на шасија си извадив извештај од autodna, се потврди дека е возена 280к, а не 135к како што беше излажал продавачот. Знаев 100% дека е враќана, и си реков ок...сите враќаат, 10 години е стара, едно 50-60к е враќана... е не, без ич усул, 150к е враќана... колата си работи солидно, ама мене ми е шубе да ја возам. Да земам таблици и веројатно ќе ја продадам... Жалам што ќе ми ја земат претходната утре, веќе договорив со купувачи... Арам да им е, парите 13 години ги штедев...