У тој случај и Миконос и Крит наместо фолија.
Може да се вртиме во круг до утре, ама можеш и 3те.
И плус да истераш 10к км со колата. И после во дебарски бањи да одиш ако сакаш.
Никој не ти брани.
Малце ми е смешно дека на автомобилски форум исмеваме, you guessed it, вложување во автомобили. Да, скапо е, и да, не е за секој. Ама да го исмеваш тоа со *за тие Х пари можам да правам Y друга работа*? Тоа повеќе кажува за тебе искрено.
Нѐ има и такви кои што сме дале многу од нашите напорно заработени пари на кола и не ни смета да дадеме уште 5% од сумата на колата за да ни е заштитена во следните 10 години. Ако ти сметаш дека не ти се исплати тоа, супер. Само не знам зошто некои мислат дека испаѓаат супериорни ако се потсмеваат со тоа. Пошто мене ми е топ, јас и фолија ставив, и 10 дена на Крит истерав годинава, и 3 недели во Италија, и Андалузија и уште неколку други.
