Мене ми е малце нереално дека за нова кола од 65000 евра со боја која што не се полира, која што е многу тешко да се погоди за фарбање и за која исто така скоро и да нема избор за керамичка заштита правиме муабет дали вределе 3000 евра да се заштити или не, особено ако ја чуваш на подолг рок

мислам, секој си знае за себе, и нормално ако треба да бираш измеѓу PPF и да одиш одмор, тогаш не е за тебе.
Јас мојата ја залепив затоа што сакам мене да ми е убава и заштитена, и да не се нервирам од глупости по паркинзи, а не за следниот газда. И веќе си ја заврши работата на заден браник, не знам што се случило дали некој ме фатил или како, битно бојата и браникот беа заштитени, отидов да ми исечат само <1цм од фолијата што беше скината, остатокот се регенерира сама како ништо да не било. Нема полирање, нема префарбување.