У тој случај и Миконос и Крит наместо фолија.
Може да се вртиме во круг до утре, ама можеш и 3те.
И плус да истераш 10к км со колата. И после во дебарски бањи да одиш ако сакаш.
Никој не ти брани.
Малце ми е смешно дека на автомобилски форум исмеваме, you guessed it, вложување во автомобили. Да, скапо е, и да, не е за секој. Ама да го исмеваш тоа со *за тие Х пари можам да правам Y друга работа*? Тоа повеќе кажува за тебе искрено.
Нѐ има и такви кои што сме дале многу од нашите напорно заработени пари на кола и не ни смета да дадеме уште 5% од сумата на колата за да ни е заштитена во следните 10 години. Ако ти сметаш дека не ти се исплати тоа, супер. Само не знам зошто некои мислат дека испаѓаат супериорни ако се потсмеваат со тоа. Пошто мене ми е топ, јас и фолија ставив, и 10 дена на Крит истерав годинава, и 3 недели во Италија, и Андалузија и уште неколку други. 
Егзакли.
Си имам мерак да си ја зачувам колата...
Не ви ја сфаќам потребата да се правите фраери нешто кога некој си прави нешто од мерак.
Ко децата мали!
Интересно е што се "лутите" кога ќе ви вратам со иста мерс кога ќе ви речам колата ви смрди на мокри чорапи и кокос од Areon.
Па седнал 40+ годишен маж ми објаснува како ќе одел на одмор ултра екслузив не знам шо па линкови докажување.
Grow up people😁
Се зезаме, шибаме, lighten up 😁
Јас прифаќам заебанција на моја сметка, научете и вие. 😎✌🏼
Тууу мичка му пајчина, ама сте се навредиле неповикани, па дури и совети за растење препорачувате...Ама веројатно кој си се препознал у причата си ја има мувата на капата.
Тебе сигурно немам потреба да ти се докажувам ни најмалку, а за фраер сум и ми се може. Дали ти се допаѓа тоа или не, твој проблем.
А ако сакаш колата и у стаклено звоно стај си ја, а не у фолија. Јас немам проблем со тоа. Ни дали ке ја моташ, ни дали ќе ја чуваш ни дали ти мириса на смрдлив чорап...
Ај сега одиме да си бидеме вечни дечиња, зошто од вас старците преку Тасета на Ката ни е дојдено

Да не бидам captain Obvious, ама зошто да не можеш и фолија и одмор?
Миконос е малце тапа за пливање, иначе. Крит е 10 пати подобар. 
Може и тоа и тоа, не е проблем. Но кога ке дојдам до примерок што е редок, уникатен и е олдтајмер вреден за чување.
А кола која што ми е секојдневна потреба и не планирам да ја чувам повеќе од 7 до 10 години, некако ми нема поента да ја врапирам и да му го накршам некому. Секако ја чувал или не, цената се формира врз база на пазарот. И да е со 20к километри како од фабрика и да е со 220 к километри како од одпад, цената може да е со разлика од 1000 до макс 1500 евра. А секако немало кола што ми била неодржувана и тоа во официјални сервиси, неисправна, батал и приљава.
А што се однесува до Крит и Миконос, двата острови се неспоредливи. Крит е огромен, со огромни и долги плажи како да си на океан, и затоа не го сакам. Има и мали интимни плажи, има и специфични како Балос и Елафониси итн итн, ама ми е тотално дијаметрален и неспоредлив во ниеден поглед
Вчера во Кам кај фрижидерите се сретнав со еден другар, баш за фолија ППФ зборевме, рече дека немало оштетување од камчиња толку на хаубата заради фолијата. Некаде околу 1800 евра го фатило за цела кола.
После на каса пак се сретнавме додека чекавме ред, и за патосници почнавме да збориме. Рече имало некои велур материјал, и супер биле.
Ама се врати он по ловечка паштета, беше 11 денари на акција. И не ми кажа каде ги набавил.
Муабетот ми беше, дали сте ја пробале ловечката паштета и дали за 11 денари е ок. Јас земав од Стокомак Рио Маре на промоција беше, рокот до февруари. Ако некој начека нека земе.
Уф, перверзно добра е уште ако ја подгрееш на рингла од двете страни...И со лепче од фурна топло, дури и две ке ги мавнеш со макање. Плус е и пикантно лута, ама тоа е попосле е вистинско доживување кога ке помине низ дигестивниот систем.
