Генерално сите коли носат и деца и багаж. Прашањето е само колку брзо ќе се спакуваш. Се што сум однел со Супербот, сум однел и со Камикот со тоа што во вторава варијанта селектираш, редиш, ја мислиш како ама на крај се завршува работа. Значи големината е битен но не одлучувачки фактор. Во суштина спремен сум на секаква отсапка ако тоа донесе нешто што другите немаат а ми е значајно.
Да бидам и по конкретен со двата модела кои ми се фаворит и ќе ја наведам опремата горе доле. Ќе болдирам тоа што другиот модел го нема.
1. Alfa Romeo Giulia 2.0 TB 280 Q4 Veloce
- Боја Moonlight grey (повеќе е бела него сива, на моменти сивото изгледа многу светло плавкасто, мат. Бојата е само 1100 еура)
- 280hp, 400Nm, Auto 8
- 4x4
- 19" тркала со 225/40 напред и 255/35 позади
- Црвени клешти на кочници (мислам дека се Брембо)
- Адаптивна суспензија
- Сите возачки асистенти (дополнително Active Drive assistant)
- Лед матрикс светла
- Кожни спортски седишта (дополнително црвени) електрично подесиви со меморија
- Кокпит и врати обложени со кожа (црна)
- Црн тапацир на плафон и на А и Б носачи.
- Виртуелна инструмент табла
- Главен 8,8 инчен дисплеј со навигација и бежичен CarPlay
- Камера за паркирање обична со сензори напред и позади и автоматско кочење при препреки.
- Греење на предни седишта, двозонска клима
- Harman Kardon озвучување
- Панорамски кров
- И сите други тракаташки што би рекол Мишко Барзов на Телма "што живот значат"
2. Skoda Superb B9 L&K 2.0 TSI 265 4x4 DSG
- Боја Icetea (Жолто-зеленкаста, интересна)
- 265hp, 400Nm, Auto 7 (DSG)
- 4x4
- 19" тркала со 235/40
- Истите кочници од стариот Суперб мој
- Адаптивна суспензија
- Сите возачки асистенти (дополнително Active Drive assistant)
- Лед матрикс светла
- Кожни ергономски седишта (дополнително коњак портокалова боја) електрично подесиви со меморија
- Дел од кокпит обложен со кожа (коњак)
- Светол тапацир на плафон и на А и Б носачи. (ова не ми се допаѓа излегува тробојна внатрешност)
- Виртуелна инструмент табла
- Главен 13 инчен дисплеј со навигација и бежичен CarPlay
- Камера за паркирање 360 со сензори напред и позади и автоматско кочење при препреки и паркинг асистент.
- Греење, вентилација и масажа на предни седишта, греење на задни седишта, тризонска клима.
- Canton озвучување
- Дополнително акустични стакла
- Head up дисплеј
- Прилично повеќе тракаташки од Алфата ( сто усб-иња, перници, чадори, држачи за глава позади...)