Здраво дечки.
Извесен период сум под дилема и не можам никако да се одлучам во изборот, исконтактирав некои дечки ама конкретен одговор не добив, а тоа е одржување и достапност кај нас на резервни механички и каросериски делови за не дај боже за азијски возила.. Инаку, 18 години возиме Mazda бензин стара 29год, со жик "Made in Japan". Друго возило немам возено и немам искуство ниту со европско ниту со друго азијско . Решив да се подновам но постои огромна дилема. Се работи за Volkswagen Golf 6 2.0 TDI (110 или 140кс) и Honda Civic 8ген. 1.8 или 1.4 бензин, британска а во игра е и Mazda 3 1.6 ама онака. Во овие изминати 18 години јас сум преблагодарен на колава и сум емотивно поврзан за неа, се уште ден денеска перфектно работи механиката, трансмисијата, електронски состав до последно копче. Единствен проблем кој често пати се мачам е достапноста на деловите, обично оставам на мајсторот и океј но има некои делови кои никаде неможам да ги најдам и ден денеска ја возам така т.е повеќето се делови од подвозјето, ситни проблеми ама клучни. Исто така друг проблем е цената на истите кои е доста висока и нема избор помеѓу ефтино и скапо и средно. Читав доста на форуми, јутуб клипчиња, муабети со мајстори и искуството кое го имам мнавестува повторно на азијат. Е сега, во конретниов мој случај, од една страна ми алудираат на тоа дека ќе си имам работа со dpf, варијабилен замаец, турбо, дизни и други скапи кварови кои ги имаат дизелите но од друга страна не можам да го заборавам фактот дека за Голфот имам делови на секој чекор во секоја трафика и има избор. Да, Хондата е по едноставна, обичен атмосферец ама само едно ме одвраќа од незе па и од 3ката, тоа е достапноста на деловите коа ќе дојди промена на поголем квар како ланче и др. Го прашав и Mirko Rasic (Neovlasceni Serviser) како е ситуацијата со делови за Хонда во Србија ми кажа дека нее исто како за VW и нешто ме тера да прифатам да си имам работа со овие скапи кварови на дизелите. Барам конкретна помош а особено искуство од сопствениците шо ги имаат овие возила. Значи прашањето конкретно ми се однесув на механички и каросерски делови за азијатите Знам дека алтернатива е Грција, Бугарија за делови ама јас неможам да си го дозволувам често тоа. Инаку планирам колата да ја задржам до 10години кај мене.
Ви благодарам. Среќни новогодишни и божиќни празници!