Автор Тема: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017  (Прочитано 34347 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #285 на: 04 Август 2024, 18:44:36 pm »
За 3 недели 5700км,имаше денови кога не се цозеше воопшто,исто имаше денови кога 24/7 не се гаси моторот.

Колку стари и скапани (скапани во секоја смисла на зборот)возила сум сретнал како возат по патишта,а колку нови сун сретнал застани и чекаат шлеп.

Нема правило,и старо добро одржувано знае да откажи и ново знае да откажи.
Се решава проблемот и живот оди понатаму.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #286 на: 20 Ноември 2024, 08:35:13 am »
сменет летниот со зимски сет гуми на 88.917км
летните сезонава поминале 5.608км


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #287 на: 20 Декември 2024, 10:13:38 am »
Вчера на 89.350км турен четврт печат во сообраќајна.
Наполнивме 3 години заедно.

По регистрација, отидов до кај Антонио-ПДР да закажам третман.
Имено, летото не заврши само со „авантурата“ која ја имавме, туку го погодив денот да ја звртам едно кругче кога реши да паѓа град.
Некако сеедно ми беше и не ни мислев да ја средувам, ама ме спопадна нешто вчера празнично.
Пребројавме 30-тина зуцки, па закажав за средување во понеделник.




Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1016
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #288 на: 20 Декември 2024, 10:31:19 am »
За 4та годишнина догодина земи ѝ еден OEM сет 18ки 441m за зима како поклон.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7078
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #289 на: 20 Декември 2024, 21:27:48 pm »
Çmimi 30 зуцки?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #290 на: 20 Декември 2024, 21:33:14 pm »
250€
Цената зависи од штета, позиција, пристапност итн.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #291 на: 21 Декември 2024, 15:40:42 pm »
Коректна цена, ако се заврши добро работата.

Ајде, ова последна заебанција да ти е.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #292 на: 21 Декември 2024, 19:21:38 pm »
Дај бе и мене ушалтајме кај Антонио, додека не сум земал гумените чекани...

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #293 на: 21 Декември 2024, 20:50:16 pm »
Антониот е професионалец. Алал да му се парите.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7078
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #294 на: 21 Декември 2024, 21:42:35 pm »
Што убав Форментор имаше на мобиле.де, 20.000 искачаше, само цел излупан од град.... 1 година стар.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #295 на: 23 Декември 2024, 08:50:14 am »
Јас би го возел таков со длапки. Ќе го има ефектот на голф-топче и ќе ми троши околу 10% помалку бензин на 100км.   :-X :-X :-[
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3779
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #296 на: 23 Декември 2024, 09:26:48 am »
Што убав Форментор имаше на мобиле.де, 20.000 искачаше, само цел излупан од град.... 1 година стар.

Земи го од ДасАутоВелт, плаг ин хибрид со 26к Км, 29900 го даваат без воопшто да преговараш.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #297 на: 23 Декември 2024, 15:05:04 pm »
Јас би го возел таков со длапки. Ќе го има ефектот на голф-топче и ќе ми троши околу 10% помалку бензин на 100км.   :-X :-X :-[

готово, средено, нека троши ;D
во 8:40 оставена, земена во 12:00


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #298 на: 23 Декември 2024, 15:08:33 pm »
Соврешно штом така испаднало.

Дали е одлично направено или си презадоволен?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #299 на: 23 Декември 2024, 15:36:05 pm »
е одлично направено
јас, презадоволен

*имаше и едно парче смола и на едно место гребнато и тие ги средил и гребнатото го исполирал :)