Автор Тема: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]  (Прочитано 7766 пати)

Отсутен Ivann_XR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« на: 29 Декември 2021, 15:54:54 pm »
Здраво дечки. Јас сум Иван од Скопје, нов на форумов како член, но како гостин имам прочитано многу теми, совети, препораки и расправии :) Не сум мајстор, ниту голем зналац, ниту работам сам на возилата, но сум ентузијаст секогаш заинтересиран за теми од автомото спортот и индустријата.

Би сакал да го преставам своето возило кое сметам дека е интересно во однос на надградбите кои ги направив. Замислата ми беше комплетна каросериска конверзија од стандард Голф МК6 во GTI издание и тјунинг на моторот во насока да биде, популарно форумски кажано, GTI class killer.
Купено во Porsche MK, 2010г, VW Голф MK6 1.4tsi, тип EA111 (CAVA), 160hp, Highline опрема, спортска суспензија потврда и пониска за 15мм од стандард.
Моторот има добиено повеќе награди и признанија своевремено, но во пракса тоа и не е баш докажано односно сосема спротивното барем од искуствата што ги имам слушнато и прочитано од сопственици на истиот модел и од свои секако. Проблем со клипови, ланче, водна пумпа, поголемо загревање итн. На 100.000км променет е целиот сет ланец со варијатор и еден изгорен вентил и внесена последна софтверска измена. Од тогаш проблемот со ланчето е надминат и од тој момент започнав со реализирање на идеата за конверзија на возилото.
Во прилог подолу листа на сите купени и инсталирани делови.

Скопје
 - Комплет GTI body kit (без заден спојлер) од Autolux Скопје
 - Заден спојлер од Protuning (Литванија)
 - GTI беџови (NK Automotive, GR)
 - K&N 57S-9501 Performance Airbox од Carmax Скопје
 - Downpipe 65мм од RM Motors (Полска)
 - Спирали Eibach Sportline E20-85-014-01-22 / -40мм/-30мм од Аутоцентар Струмица
 - Заден лонец Asso Racing од Ас-Стил Скопје
 - Редовен сервис на 7-8000км, масло Castrol Long Life Edge 5w40
 - Short shifter Sigma5 (DieselGeek, USA) - Не е монтиран механизмот, договорено со Амел, по препорака во друга тема каде што го поставив прашањето.
 - Гуми Sava Intesa UHP2 (летни 225/40) на пролет ќе бидат заменети со Michelin Pilot Sport, Sava Eskimo HP2 (зимски 225/40)

Солун
 - RTMG Hybrid Turbocharger 360RS + new stiffer wastegate
 - RTMG Blow off valve
 - RTMG Turbo hose
 - Audi S3 Front mount Intercooler
 - Audi R8 Ignition coil kit
 - NGK BKR7EIX Spark Plugs
 - Boost gauge Prospeed
 - RTMG Stage3 custom Map

Резултат: 268hp@6500rpm, 342nm@4900rpm, Boost@1.6bar, (гориво Shell V-Power), rev lim: 7250rpm
Резултатот ќе беше и повисок, но ограничување според дечките од сервисот е горивото кое според нив е 93 октани.

Во Скопје точам бензин исклучиво на Макпетрол Race Pro 100 (не знам колку октани е), имам субјективно чувство дека има повеќе снага отколку во Грција кога стискав.

Досега поминати 25000км без грешки на компјутер во сервис, но во неколку наврати (2-3 пати до сега) при цедење на моторот (преку 5000rpm) во вожња почнува да трепка check engine и се испостави дека бензинската пумпа за висок притисок не постигнува доволно. Моментално нарачана нова бензинска пумпа од Loba Motorsport HP14 па се надевам ќе се реши проблемот (ќе направам update на темава).

Катализатор и среден лонец извадени. Тail pipes 90мм. Звукот ежење, искрено не очекував таков моќен и спортски звук од 1.4 мотор.

Во март/април следна година, комплет фарбање и средување фелни.

Во прилог повеќе рандом слики.











Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #1 на: 29 Декември 2021, 16:00:15 pm »
Добредојде!
Одлично ауто со одлични бројки.
Спомна фарбање, иста боја или имаш нешто друго на ум?

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #2 на: 29 Декември 2021, 16:06:53 pm »
Добредојде, одлично средено пушти некое видео да чуеме како се слуша да не остане на пишано само :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #3 на: 29 Декември 2021, 16:11:55 pm »
Боооо, браво! Добредојде!

Отсутен KRISS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #4 на: 29 Декември 2021, 16:17:35 pm »
Добредојде Комшо, чест е да се слуша оваа убавица :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #5 на: 29 Декември 2021, 18:16:18 pm »
WOW!

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2160
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #6 на: 29 Декември 2021, 18:26:00 pm »
Прописно средено. Бравос спуштена ремапче ...
Пушти видео да го слушниме 1.4 како звучи :)

Отсутен Ivann_XR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #7 на: 29 Декември 2021, 18:32:43 pm »
Добронајдов дечки, фала за позитивните коментари.
Бојата ќе биде фабричка бела, не менувам ништо. Зависи од буџет планирам при средувањето да земам комплет  предни и задни гти светла, а за интериер нов мултимедиа систем. Фабричкиот е RCD310.
Темата ќе ја апдејтирам со видео/аудио запис и гпс дата.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #8 на: 29 Декември 2021, 18:54:33 pm »
Супер проектче, браво за ентузијазмот.

Гофлчето цице е! 1.4 - 268 КС - импресивно во најмала рака кажано, башка со таков проблематичен мотор.

Отсутен Ivann_XR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #9 на: 29 Декември 2021, 19:15:36 pm »
Со новата hpfp од Loba и квалитетен бензин зачинет со октан бустер би требало да надмине 280кс според  Rtmg сервисот. Максимумот e 290кс со овој сетап. За повеќе е потребно појачани клипови, метанол итн.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14242
  • Пудингот на шоферството
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #10 на: 29 Декември 2021, 19:24:17 pm »
Фолии на задби стакла,обавезно.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #11 на: 29 Декември 2021, 19:40:05 pm »
 
Фолии на задби стакла,обавезно.

И уште некој стикер - ќе заокружиме 300 КС

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #12 на: 29 Декември 2021, 19:45:14 pm »
И други бандажи, има многу многу поубави бандажи од овие, јас би ги нарекол "старовременски". Инаку welcome  :)

Отсутен Ivann_XR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #13 на: 29 Декември 2021, 19:49:52 pm »
Фолии на задби стакла,обавезно.

И уште некој стикер - ќе заокружиме 300 КС

Како беше она.. стикер "само пуна" +20кс :)

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: VW Golf MK6 1.4 TSi [Stage3]
« Одговори #14 на: 29 Декември 2021, 19:55:58 pm »
Секоја чест, од 1400 кубика мотор 268кс.
Одличен голф!

Sent from my SM-G973F using Tapatalk