Како и претходната, така и оваа Calibra има проблем со перформансите на моторот.
Добрата работа е што научив многу обидувајќи се да ги поправам, лошата е што сеуште висам на форуми до 3 саат обидувајќи се да ги поправам
Случајов е следен: Opel Calibra 2.0 16v (X20XEV) 100kW/136hp бензинец, нема снага низ целиот вртежен опсег и посебно се осеќа на ниски обртаи и при поаѓање од dead stop.
Првиот проблем е вредноста која MAF сензорот ја праќа кон ECU-то. Во мирување, на лер гас, праќа
0.34v (5.51kg/h или 1.53g/s), додека правилната вредност е
0.7v (12 kg/h или 3.33g/s). Овој податок е изваден од Autodata и го имам потврдено на проверена и исправна кола со истиот мотор и engine management. Исто така пробано е со размена на сензорите, но без успех, вредностите на мојот а и на другиот мотор останаа исти како и предходно. Напонот е мерен и директно на сензорот со унимер, такада тоа би го елиминирало проблемот со инсталација.
Вториот проблем е тоа што позади издувот мириса на жив бензин, што е малку чудно со оглед на тоа дека MAF сензорот чита помалку воздух од што треба, што би резултирало со сиромашна(lean) смеса.
Да обрнеме внимание на втората нелогичност (види слика) - BLM Idle и BLM Partial load. BLM или Block Learn Map или Long term fuel trim, е податок што ни кажува каква корекција прави ECU-то на вбризгувањето на гориво, врз база на информации добиени од oxygen/lambda сензорот. 128 е неутрална/default вредност, што доколку е прикажана истата, би значело дека смесата е идеална каква што е без потреба од некаква корекција. Било која вредност над 128, значи дека oxygen/lambda сензорот детектира сиромашна смеса и ECU-то додава гориво со цел да ја направи „идеална“, а под 128, одзема (во однос на default вредноста), со цел нели, повторно да се достигне балансот на гориво и воздух.
Во мојот случај, на лер гас имаме дефицит на гориво од ~6% (128+6%=
136), и сместата е збогатена за 6%.
При делумно оптоварување, има одвишок на гориво од ~13.3% (128-13.3%=
111), и смесата е осиромашена за 13.3%.
Погледнете ја разликата во пулсот на дизни, 2.2ms на лер гас, наспроти 1.18ms при делумно оптоварување (педала за гас притисната 15%)
И оваа разлика резултира во каснење и лош одзив на гаста (прикажано на видеото), придружено со силни вибрации.
Единствено сценарио кога моторот има солидни перформанси е при возење со константна брзина (на автопат), претпоставувам бидејќи ECU-то има време да „научи“ кој е потребниот сооднос на воздух и гориво во тој момент. Од ~120km/h оживува и полетува до кај 200/210.
Еве краток список на информации за тоа што се е направено/проверено, за да се елиминираат непотребни коментари:
Измерен притисок во цилиндри (~14 бари има на секој, најголемата отстапка е едвај 0.1), измерен притисок на гориво (3 бара), проверено порамнување на ребрастиот каиш, сменети свеќици, кабли, исчистен усис, smoke-тестиран усис за фалш воздух, откачен издув од грана со цел да се елиминира запушување, check engine сијаличка не свети, грешки на дијагностика нема, ECU-то е фабрички, без „чипови“ и слично.
Сликава е направена на отприлика 5c при загреан мотор (90c), белиот чад многу мириса на бензин.
и, кога веќе стигнавте до крај, може ли нешто корисно да се извлече од сите овие информации ? што би можело да е причината за проблемов? Има ли спас освен оглас/отпад ?