Не е така Злате. Сите тие навиваат за поинтересна Ф1, со повеќе конкурентски екипи. Ред Бул покажа дека и годинава ќе е конкурентен за пиедестали и победи.
Мило ми е што Ферари се враќа во борба за титула. Си има тркачка крв и корени таа екипа.
Мене ми е огромно задоволство и сум среќен што ги гледам Ферари на врвот. Ми фалеа искрено.
Мислам дека имаат шампионски правец фатено со новиот концепт, и ако се доволно паметни можат да избуткаат до титула оваа сезона.
Сакам и Мекларен да се таму ама, ете не им оди изгледа се подмачкано. Очајни беа викендов, искрено ми е многу жал за нив.
Мерцедес мислам дека тераат несерзиозно со концептот без sidepods ама делува дека знаат што треба да направат, некако не се ептен потресени во моментов. Ја тераат на смешка целата работа или имаат некој џокер што го кријат во ракав, што е типично за нив.
Се надевам дека Ферари ќе успеат да набутаат поени во првата четвртина од сезоната, за да имаат здив и резерва да ја истераат до крај борбата. Мислам дека ако фатат победнички ритам ќе почне да шмелца другарството помеѓу Сајнц и Леклер. Леклер е супер дечко, Сајнц ми делува малку како снобче што несака да губи.
Ама, сезоната е пред нас, да видиме што ќе донесе, следната трка.