Поздрав другари и другарки,
По долго барање на возило кое соодветсвува на моите потреби, излезе bravo-то на оглас. Го имам веќе 20 дена, чекав да си легнат првичните импресии на место, па да го објавам на форум. На кратко,
FIAT BRAVO 2
Година на производство: 12/2007
Прва регистрација: 2008
Мотор: 1.9
Коњажа : 110 kW / 150 HP
Менувач : 6 + R
Потрошувачка : ~ 7l
Kилометража : 223 XXX
Опрема:
- Двозонска дигитална клима
- Follow me опција
- Задни парк сензори
- Темпомат
- Команди на волан
На кратко, bravoto е одржувано во Авто сервис Дерби ( Илинден ), ќе продолжам и јас да го сервисирам на истото место, има направено мал сервис пред 3000 км, нови зимски гуми, сменети плочки, нема дополнотилени вложувања во него (освен да се промени сајла за десен заден прозор), другото се си е океј, не чади, моторот работи мирно. Еве неколку слики од него,