Автор Тема: Fiat Bravo 1.9 150 HP  (Прочитано 2988 пати)

Отсутен 1m74

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Fiat Bravo 1.9 150 HP
« на: 08 Декември 2021, 16:11:42 pm »
Поздрав другари и другарки,

По долго барање на возило кое соодветсвува на моите потреби, излезе bravo-то на оглас. Го имам веќе 20 дена, чекав да си легнат првичните импресии на место, па да го објавам на форум. На кратко,

FIAT BRAVO 2

Година на производство: 12/2007
Прва регистрација: 2008
Мотор: 1.9
Коњажа : 110 kW / 150 HP
Менувач : 6 + R
Потрошувачка : ~ 7l
Kилометража : 223 XXX
Опрема:
- Двозонска дигитална клима
- Follow me опција
- Задни парк сензори
- Темпомат
- Команди на волан

На кратко, bravoto е одржувано во Авто сервис Дерби ( Илинден ), ќе продолжам и јас да го сервисирам на истото место, има направено мал сервис пред 3000 км, нови зимски гуми, сменети плочки, нема дополнотилени вложувања во него (освен да се промени сајла за десен заден прозор), другото се си е океј, не чади, моторот работи мирно. Еве неколку слики од него,












« Последно менување: 10 Декември 2021, 21:50:47 pm Simo - Carrier159 »

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #1 на: 08 Декември 2021, 16:31:32 pm »
Бомбона, со здравје да си го возиш Бравото.
Неколку коли до сега слушнав дека се одржувани во  Авто сервис Дерби Илинден

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #2 на: 08 Декември 2021, 22:05:47 pm »
Со здравје да се брмчи. Колегите од форумот што го возат истиот мотор во Опел, Алфа и сл може ќе те советуваат за некои превентивни зафати околу некои лептири и сл  ;)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #3 на: 08 Декември 2021, 22:38:57 pm »
Добредојде на форумот друже, и долго да те служи Bravoto!

Отсутен 1m74

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #4 на: 09 Декември 2021, 21:48:51 pm »
Баш Ви фала дечки,

Да напоменам, имам некој ситни измени што сакам да ги направам во следниве два месеци, да го подновам со 17ки бандажи (моментално возам исто 17ка зимски, па доколку има некој да понуди на страна од фабричките 17ки, во директ слободно ), android bluetooh multimedia, да ги затемнам стаклата (30 предни мислам и толку е дозволено, 50 задни, не би сакал да двојат премногу задните стакла од предните) и така.

Stay tuned...

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #5 на: 09 Декември 2021, 21:51:25 pm »
Со здравје да се вози!

Инаку, фабрички ако ѕирнеш на прозорот треба да има налепница на него каде што пишува дека се веќе 30% затемнети. Напред не смееш ич да затемнуваш, назад немаш гајле.

Отсутен 1m74

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #6 на: 09 Декември 2021, 22:02:56 pm »
Со здравје да се вози!

Инаку, фабрички ако ѕирнеш на прозорот треба да има налепница на него каде што пишува дека се веќе 30% затемнети. Напред не смееш ич да затемнуваш, назад немаш гајле.


Баш сабајле ќе погледнам, фала ти :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #7 на: 09 Декември 2021, 22:23:44 pm »
Процедурално:

Зошто пишувате 6+R?
Оти ако напишам шест брзини, ќе го рачунам рикверцот? 😅
Ако има over drive, 6+OD+R?
x=6+OD+R?

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #8 на: 09 Декември 2021, 22:47:08 pm »
Процедурално:

Зошто пишувате 6+R?
Оти ако напишам шест брзини, ќе го рачунам рикверцот?
Ако има over drive, 6+OD+R?
x=6+OD+R?
6+1+0
x=7 :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #9 на: 10 Декември 2021, 09:49:59 am »
;D


Отсутен 1m74

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #10 на: 10 Декември 2021, 19:31:38 pm »
Процедурално:

Зошто пишувате 6+R?
Оти ако напишам шест брзини, ќе го рачунам рикверцот? 😅
Ако има over drive, 6+OD+R?
x=6+OD+R?

Р - Ракета :D
Потполно си во право, дебилно е :D

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #11 на: 10 Декември 2021, 21:37:09 pm »
Дај бе средете му ги сликите да го видиме бравово

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #12 на: 10 Декември 2021, 21:51:06 pm »
Дај бе средете му ги сликите да го видиме бравово
Ете. Да частиш! ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #13 на: 10 Декември 2021, 22:24:41 pm »
Дај бе средете му ги сликите да го видиме бравово
Ете. Да частиш! ;D
Ајде една средба да организираме, освен Зеро никој друг не познавам. И тебе од ФБ.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Bravo 1.9 150 HP
« Одговори #14 на: 10 Декември 2021, 22:47:29 pm »
Јас сум стално за! Ако ти е тешко да го паркираш твоето возило на паркинг пред Борис, може и на Стенковец :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.