Чекајте малце другари, па колку пари е да ти ја исперат колата надвор и исчистат внатре?
Зошто некој би губел време да пере и да ти ја исперат за исти пари?
Разбирам дека можеби нема да ти ја исперат како по своја волја и тоа е ОК, ама во Штип наплаќаат 250-300 денари за перење надвор и чистење внатре. Зборам за перење надвор, средство за гуми, перење/усисување патосници, усисување кабина и гепек, чистење шалтабла и стакла со средства.
Не знам колку се самоуслужните во Штип и дали се покачени, ама знам дека беше на пола цена од туѓо перење (пример 150 vs 300).
Не дека сум богаташ или мрза, ама мене никогаш ми немало смисла да платам 150 помалку за скоро истата работа. Затоа што јас ако земам да ја средувам ќе изгубам саати... за нешто што ќе се извалка за брзо време.