Пред некој ден и ги наместив летните гуми, Ханкок Вентус Прајм 3, разликата во споредба со зимските Кели, небо и земја. Сеа со летните милина да возиш, апсолутно никаков звук не се слуша, а со Келито имаше некоја бучава како да има лагер за менување. Денес и прв сервис откако е кај мене колата, на 165 700 километри, сменете масло, и сите филтри: воздух, нафта, масло и полен. Маслото го земав од Елград Неготино, кои имаат и салон за Тојота, 4 литри беа 2100 денари, филтрите ми испаднаа 2200 денари, мајсторот не сакаше ништо оти ми е другар, па ке се оддужиме со пиво и кебапи.


*Филтрите беа овие, единствено тој за воздух го имав згрешено, па после го заменив, имаше на Хенгст од точниот модел.