Автор Тема: Toyota Corolla X 1.4 D-4D  (Прочитано 12921 пати)

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #60 на: 09 Ноември 2022, 16:45:26 pm »
Во овај мотор не иде 5w30?
Последно во Тојота Скопје е сервисирана на 31 03 2016 година на 64 000 км, и од тогаш наваму постојано чичко ми и ставал 10/40, додека јас да ја купам е одржувана во некој сервис Авто Идеја во Маџари, така мислам дека беше. Баш лани кога ја купив му реков да праша какво масло има користено, и тој кажа дека 10/40.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #61 на: 09 Ноември 2022, 18:02:30 pm »
Јас и во мојата тема имам пишано, јас долго време мојага Тојота ја сервисирав во овластен, иако во упатството пишува дека треба 5-30, они ми кажаа дека имале допис и дека кај нас ставаат 10-40, мојата е бензин ама можеби и за дизел важи истото.

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #62 на: 15 Декември 2022, 20:23:51 pm »
Пред некој ден, така неспан цела вечер оти од 3 Декември дома сме со бебе, сабајлето одејќи на работа и паркирајќи се на местото каде милион пати се имам паркирано на едно ѕидче ја закачив колата на задна десна врата и задно крило. Вчера ја оставив во сервис Карамбол да ја средат па ќе видиме шо ќе излезе. :D :D






Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #63 на: 15 Декември 2022, 20:54:32 pm »
Nisto strasno
Drug pat ne vozi mamuren :)  se shalam neka e zdravo i zivo bebceto kola se sreduva.

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #64 на: 16 Декември 2022, 13:36:00 pm »
Nisto strasno
Drug pat ne vozi mamuren :)  se shalam neka e zdravo i zivo bebceto kola se sreduva.
Фала друже, така е. 😁

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #65 на: 16 Декември 2022, 15:43:49 pm »
Јас и во мојата тема имам пишано, јас долго време мојага Тојота ја сервисирав во овластен, иако во упатството пишува дека треба 5-30, они ми кажаа дека имале допис и дека кај нас ставаат 10-40, мојата е бензин ама можеби и за дизел важи истото.
Ne deka nema da tera i so 10W40 ama ke go skratis vekot na motorot.
Podbro prefrli se na gradacija 5W30 ili 5W40, od masla koi ja zadovoluvaat specifikacijata na motorot.
OStaj toa sto ti kazuvaat majstorite.

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #66 на: 16 Декември 2022, 16:53:25 pm »
Денес ја земав од кај мајсторот, вака делува дека е убаво сработено.


Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #67 на: 01 Февруари 2023, 11:02:28 am »
Време за регистрација, полиса 6155 денари, и технички и другите давачки 5471 денари, или вкупно 11 626 денари. Зборовите на вработениот у технички беа: Колата е камен. Нема забелешка. 😁😁😁

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5555
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #68 на: 01 Февруари 2023, 11:22:31 am »
Верувам дека е камен, ама тие на технички чак се во очите, пред паѓање да е тркалото ќе ти речат,  малце лабаво е ова ама нема гајле ќе тера :D

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #69 на: 01 Февруари 2023, 11:51:27 am »
Верувам дека е камен, ама тие на технички чак се во очите, пред паѓање да е тркалото ќе ти речат,  малце лабаво е ова ама нема гајле ќе тера :D

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk



Хаха, се е можно, ама овојпат намерно отидов во АМД Кавадарци, мислам дека тие се поригозни, можеби грешам, ама тоа е мое мислење. Баш му напоменав да проверат се убаво, оти секојдневно сум во колата, плус возам жена, дете, од пред 2 месеци и бебе, односно второ дете, и сакам колата да е во одлична состојба, да не мислам мислам дали ќе ме остави на пат. :D :D :D

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #70 на: 06 Март 2023, 15:11:45 pm »
Тазе измиена :D


Отсутен Vlatko1008

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #71 на: 27 Март 2023, 14:49:29 pm »
Здраво и од мене, нов член сум и би сакал да споделам со вас дека од пред 10-тина дена сум сопственик на Toyota Corolla 1.4 d4d 2010 год. новиот мотор со 6 брзини.
Колата не е увезувана и има поминато 209 000, сервисирана е во овластен сервисер Тојота во Скопје.
Моторот работи многу тивко, снажен за кубикажата, на автопат е многу сигурна, стабилна со многу мала потрошувачка од 5.5 л на 100 км.
Претходниот газда правел мал сервис и имам уште 2000 км за возење, но јас јас сакам да и направам сега сервис откако е кај мене и да си фатам ред.


Отсутен Vlatko1008

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #72 на: 27 Март 2023, 14:53:36 pm »
Во овај мотор не иде 5w30?
И мене ми препорачаа да користам Toyota 5w30 Premium
Во овај мотор не иде 5w30?
Последно во Тојота Скопје е сервисирана на 31 03 2016 година на 64 000 км, и од тогаш наваму постојано чичко ми и ставал 10/40, додека јас да ја купам е одржувана во некој сервис Авто Идеја во Маџари, така мислам дека беше. Баш лани кога ја купив му реков да праша какво масло има користено, и тој кажа дека 10/40.

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #73 на: 10 Август 2023, 22:58:35 pm »
Дојде време пак за мал сервис на 187 000 километри. Купено 4 литри уље 2480 денари, филтер за уље 800 денари, дихтунг за штопна 60 денари, филтер за нафта 700 денари, филтер за полен 460 денари и филтер за воздух 620 денари. Вкупно 5120 денари. Количето топ, само ставај нафта и вози, досега се нема јавено некој проблем.

« Последно менување: 10 Август 2023, 23:31:16 pm Djokica »

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Toyota Corolla X 1.4 D-4D
« Одговори #74 на: 20 Ноември 2023, 00:00:31 am »
До денес точно две години откако ја имам колата, моментално е на 192 100 км, до сега сум поминал околу 36 000 километри. Количето е во одлична состојба, одлично ме служи, до сега не ме изневерило за овие две години, буквално работата е ставај нафта и вози. Пали шо би се рекло на пола клуч, моторчето одлично тивко си работи, единствено најголема мана и е тоа шо ја нема шеста брзина за на отворено, али тоа е шо е.