Здраво на сите, после дооолго премислување и пребирање, одбран Kia Ceed 1.5 T-GDi хечбек, моделска 2021.
Сега месецов излезе новиот редизајн - ова е постариот модел, и е произведена во Словачка колку што знам. Прво слики:
Слики екстериер:
Слики ентериер:
Дојде со летни гуми и алуминиумски бандажи, (речиси) веднаш сменети со Hankook Winter icept RS2 (
https://www.tyrereviews.com/Tyre/Hankook/Winter-i-cept-RS2.htm), со челични OEM бандажи и OEM раткапни за истите. Дополнително земени и OEM гумени патосници, сето ова директно од КИА салонот.
Околу изборот помогна (меѓу мал милион други ресурси) и тестот на овој мотор на „турбо тест Kia Xceed“
https://www.carclub.mk/2021/04/22/turbo-test-kia-xceed-1-5-t-gdi-160-reference-1-vistinskiot-pogon-za-xceed/, така да фала за тоа. Одбрана е „на слепо“ т.е. не возена на тест со оваа конкретна спецификација, но пресуден беше моментот што дечкото од салон го понуди
своето лично возило и излезе во пресрет за каков-таков test drive (друг мотор, иста шасија, суспензија, слична опрема).
Досега сум имал задоволство/потреба да возам многу разновидни автомобили, од мотори со 0.9 атмосферски бензинци „за низ град“, разноразни варијации на VW TDI мотори во повеќе возила (passat, bora, golf, octavia итн.), mercedes, jaguar седани, Lada Niva, Ford Escort, југовци стокецови итн итн итн.
Демек, вовед за моите импресии досега од овој 1.5 T-GDi:
Први 50-100км - се осеќав како вчера да сум земал возачка
Меко и високо квачило, долг менувач, особено во 3 бара „целосно“ фрлање, кочниците ... многу поврзани со брзината на возилото (голема разлика со ист стисок на 5-15km/h, и 40-60km/h). Звукот, поточно отсуството од звук, крајно пријатно и позитивно изненаден. Над 130-135, веќе почнува посериозно да се слуша, до 100 е малтене нечујно (секако, зависи од надворешните услови во огромна мера).
1000+ км се усогласивме колку-толку со новите педали
најнепријатно изненадување досега: нема.
Специфична распределба на влечниот момент, и не само 1 и 2 брзина („клацкање“ на семафори, или обратно - шкрипење гуми), туку и забрзување меѓу 4 и 5 на пример. Не е „лошо“, ама е доста интересно и бара навика. Најпријатно изненадување: потрошувачката! Очекував околу 7l/100km, и еве се борам 6ка да има напред
не знам како треба некој да вози за да овој автомобил од 1200-1300kg троши над 7-8, ама просечна на некои 1700km 5.5l/100km. Проверено и на пумпа, отстапката е минимална т.е. борд 5.5, пумпа околу 5.6 или 5.7 зависи. ОДЛИЧНО функционира CVVT технологијата, особено на автопат и долги угорници.
Пред некој ден прочитав некоја реплика на друга тема, па еве да избегнам пцовки
и јас сум од тие што возат 80/80, 100/100, и 120/120 соодветно Скопје-Охрид. Молам за разбирање, ипак со мало дете позади. Ако ме видите празен, тогаш е друг муабет