Автор Тема: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)  (Прочитано 4467 пати)

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« на: 22 Ноември 2021, 13:29:43 pm »
Здраво на сите, после дооолго премислување и пребирање, одбран Kia Ceed 1.5 T-GDi хечбек, моделска 2021.

Сега месецов излезе новиот редизајн - ова е постариот модел, и е произведена во Словачка колку што знам. Прво слики:

Слики екстериер:







Слики ентериер:



Дојде со летни гуми и алуминиумски бандажи, (речиси) веднаш сменети со Hankook Winter icept RS2 (https://www.tyrereviews.com/Tyre/Hankook/Winter-i-cept-RS2.htm), со челични OEM бандажи и OEM раткапни за истите. Дополнително земени и OEM гумени патосници, сето ова директно од КИА салонот.

Околу изборот помогна (меѓу мал милион други ресурси) и тестот на овој мотор на „турбо тест Kia Xceed“ https://www.carclub.mk/2021/04/22/turbo-test-kia-xceed-1-5-t-gdi-160-reference-1-vistinskiot-pogon-za-xceed/, така да фала за тоа. Одбрана е „на слепо“ т.е. не возена на тест со оваа конкретна спецификација, но пресуден беше моментот што дечкото од салон го понуди своето лично возило и излезе во пресрет за каков-таков test drive (друг мотор, иста шасија, суспензија, слична опрема).

Досега сум имал задоволство/потреба да возам многу разновидни автомобили, од мотори со 0.9 атмосферски бензинци „за низ град“, разноразни варијации на VW TDI мотори во повеќе возила (passat, bora, golf, octavia итн.), mercedes, jaguar седани, Lada Niva, Ford Escort, југовци стокецови итн итн итн.  ;D Демек, вовед за моите импресии досега од овој 1.5 T-GDi:

Први 50-100км - се осеќав како вчера да сум земал возачка  :-X Меко и високо квачило, долг менувач, особено во 3 бара „целосно“ фрлање, кочниците ... многу поврзани со брзината на возилото (голема разлика со ист стисок на 5-15km/h, и 40-60km/h). Звукот, поточно отсуството од звук, крајно пријатно и позитивно изненаден. Над 130-135, веќе почнува посериозно да се слуша, до 100 е малтене нечујно (секако, зависи од надворешните услови во огромна мера).

1000+ км се усогласивме колку-толку со новите педали  :) најнепријатно изненадување досега: нема. Специфична распределба на влечниот момент, и не само 1 и 2 брзина („клацкање“ на семафори, или обратно - шкрипење гуми), туку и забрзување меѓу 4 и 5 на пример. Не е „лошо“, ама е доста интересно и бара навика. Најпријатно изненадување: потрошувачката! Очекував околу 7l/100km, и еве се борам 6ка да има напред  ;D не знам како треба некој да вози за да овој автомобил од 1200-1300kg троши над 7-8, ама просечна на некои 1700km 5.5l/100km. Проверено и на пумпа, отстапката е минимална т.е. борд 5.5, пумпа околу 5.6 или 5.7 зависи. ОДЛИЧНО функционира CVVT технологијата, особено на автопат и долги угорници.

Пред некој ден прочитав некоја реплика на друга тема, па еве да избегнам пцовки  ;D и јас сум од тие што возат 80/80, 100/100, и 120/120 соодветно Скопје-Охрид. Молам за разбирање, ипак со мало дете позади. Ако ме видите празен, тогаш е друг муабет  8)
« Последно менување: 22 Ноември 2021, 14:22:04 pm brewster »

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #1 на: 22 Ноември 2021, 14:13:13 pm »
Со здравје да се вози, многу безгрижни километри да имаш.

Одличен избор си направил, убава боја и сосема доволна опрема

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #2 на: 22 Ноември 2021, 14:20:07 pm »
Само за убаво, многу безгрижни километри!
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #3 на: 22 Ноември 2021, 14:22:41 pm »
Со здравје да се возиш.

Колку те ѕвекнаа за челичните бандажи?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #4 на: 22 Ноември 2021, 14:29:15 pm »
Прекрасна кола! Прекрасна! Немам зборови!

Со здравје и мерак да си ја возиш!

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #5 на: 22 Ноември 2021, 14:30:17 pm »
Со здравје да се возиш.

Колку те ѕвекнаа за челичните бандажи?

Фала многу. Некои 11-12.000 беа само бандажите, и околу 24-25000 ако добро памтам беа зимските гуми. Нејќев да се занимавам во моментот со други решенија (на старо итн.) многу ми беше побитно да завршам работа на едно место, и поскоро.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #6 на: 22 Ноември 2021, 14:41:31 pm »
Со здравје да се возиш.

Колку те ѕвекнаа за челичните бандажи?

Фала многу. Некои 11-12.000 беа само бандажите, и околу 24-25000 ако добро памтам беа зимските гуми. Нејќев да се занимавам во моментот со други решенија (на старо итн.) многу ми беше побитно да завршам работа на едно место, и поскоро.
Па и не се скапи, мене ми бараа мислам околу 5000 од бандаж со без сензори. Баталив, си реков ќе земам алубандажи, но потоа заглавив со ЕТ, централен отвор, и неможност за вградување сензори...за да налетам на половни од Мазда за 1.500 за сите четири, и така останав :)

Малку ме изненадуваш со звук на мотор над 130, сметав дека до 150 треба да спие моторчето на по мое до 3.000 вртежи.

Што се однесува до потрошувачка, ме интересира што ќе каже на стандардниот Карклуб тест.
« Последно менување: 22 Ноември 2021, 15:03:19 pm Mikius »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #7 на: 22 Ноември 2021, 14:45:36 pm »
Ашколсун. Честито!

Тоа е многу ефтин бандаж, патем.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #8 на: 22 Ноември 2021, 14:47:16 pm »
Odlicno kolice
Malce slaba zavrsna obrabotka ustvari slab kvalitet na materijalite vnatre. Kumcevo lani ista zema samo trula visna boja i eve za nepolni 10.000km volanot i menjacot kozata pocna da pokazuva znaci na istrosenost sto e nedopustlivo za novo auto staro 1 god. Inace komotno tivko na voznja negovoto e 1.4 atmo poslednite 2 gi zemaa od salon pred da se potrosat so tie motori.
Preporaka mackaj gi tie raboti so nekakva zastita mleko ili krema. On ne koristi nikakvi preparati samo so mikrofiber brise prasina i redovno si ja cisti vnatre duri ni mirivcinja ne stava.

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #9 на: 22 Ноември 2021, 14:53:44 pm »
Со здравје да се возиш.

Колку те ѕвекнаа за челичните бандажи?

Фала многу. Некои 11-12.000 беа само бандажите, и околу 24-25000 ако добро памтам беа зимските гуми. Нејќев да се занимавам во моментот со други решенија (на старо итн.) многу ми беше побитно да завршам работа на едно место, и поскоро.
Па и не се скапи, мене ми бараа мислам околу 5000 од бандаж со сензори. Баталив, си реков ќе земам алубандажи, но потоа заглавив со ЕТ, централен отвор, и неможност за вградување сензори...за да налетам на половни од Мазда за 1.500 за сите четири, и така останав :)

Малку ме изненадуваш со звук на мотор над 130, сметав дека до 150 треба да спие моторчето на по мое до 3.000 вртежи.

Што се однесува до потрошувачка, ме интересира што ќе каже на стандардниот Карклуб тест.

Не се скапи, ама TPMS е индиректен. Само сензорите за „правиот“ систем се негде 12000, и баталив тоа - здравје можеби догодина. Околу звукот, воопшто не е непријатно т.е. моторот не рика на 135, повеќе ми беше поентата дека почнува понагласено да се слуша  :) Големи разлики има во вртежите на 100-105 km/h (околу 2150 rpm), и 130 km/h (околу 2950), па оттаму и звукот си следи. Ова тестирано можеби 10 пати релација Скопје-Гостивар. За потрошувачката, се изначитав драми во другата тема  ;D не верувам дека може под 4 да троши, особено сега со зимски гуми - но крајно добрата работа со CVVT при стабилнo држење на возилото (тука мислам и на отсуство на дупки на патот, кривини итн.) и темпомат на 120, крајно корисна работа и автомобилот покажува моментална потрошувачка од 2.5-3 l/100km, практично е безшумен.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #10 на: 22 Ноември 2021, 15:02:10 pm »
Грешка сум пишал, 5000 за челични без сензори.

Инаку и за i30ката тогаш беа околу 50 евра од сензор.

Очекував убаво под 3000 вртежи (барем 2.700) на 130км/ч за 1.5 турбо.
« Последно менување: 22 Ноември 2021, 15:08:54 pm Mikius »

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #11 на: 22 Ноември 2021, 15:31:39 pm »
So zdravje da se vozi.
Masala gledam na net 160ks.

Za ovaa karoserija bi trebalo dobro da tegne motorot.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #12 на: 22 Ноември 2021, 15:38:45 pm »
So zdravje da se vozi.
Masala gledam na net 160ks.

Za ovaa karoserija bi trebalo dobro da tegne motorot.

Фала многу. Да, 117.8 KW, 160КС, a назад е мултилинк, што особено се забележува при „влечење“ на угорнина, со нерамнини (колку сакаш такви низ нашава држава) 8) Од 0 до 100 km/h декларирано мислам беше 8.3s, но некако ми се чини и помалце ќе да е во реални услови. Баш ќе измерам дур не заладило ептен  :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #13 на: 22 Ноември 2021, 16:43:19 pm »
Со здравје да се вози. Преубава боја!

Отсутен Bojan121

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Kia Ceed 1.5 T-GDi Reference 1 (2021)
« Одговори #14 на: 22 Ноември 2021, 17:11:59 pm »
Честито, одличен избор.
Иначе колку го чекаше за испорака ако не е тајна? Или на лагер го имаа?