Конечно, после скоро девет месеци чекање и нервози, денес ја земав колата и не можев да дочекам да ја претставам на форумов.
Сите нервози се заборавија веднаш штом седнав во возилото и се повозив малку.
Инаку станува збор за:
Skoda Оctavia модел А8, производство 2021, 1.5 TSI мотор со 150кс, автоматски менувач (DSG), mild-hybrid.Ниво на опрема:
Style + дополнителна опрема
Боја: Црна металик (Magic black)
Фелни: 18ки Perseus со гуми - BRIDGESTONE TURANZA 245/45-r18
Први впечатоци - ОДЛИЧНИ!
За некои 100-120 километри што ги извозев денес и пробав да сфатам како функционира mild-hybrid-ов, на бордот покажуваше 7.5L потрошувачка и тоа само во град.
Инаку ако е рамен патот и постигнам брзина околу 50-60 и воопшто не притискам на гас повеќе, моторот се исклучува и почнува колата да плови и така штеди гориво.
Ќе се трудам што е можно повеќе да правам колата да „плови“ и да видам како тоа ќе се одрази на потрошувачка.
Исто Matrix светлата, лудница!! Па од сега само навечер ќе ми се вози. Бел ден прави пред тебе, ко што имам некој мини диоптер и не догледувам убаво ова ми прави баш пријатна вожња.
Комфорна, лесна вожња - за мене одлична. Со оглед на тоа што до сега возев Опел Астра Х од 2004та година и не можам да споредам со нешто по ново, ова за мене е предобро