@DarthJe5us носам цилиндар цело време, наочари вадам само за спиење. Гледам/читам нормално и без наочари, блиску/далеку... ама окото без наочари ми е напнато, а плус и работата ми бара секој пиксел да е на место
Ноќно гледање не ми е јака страна, споредено со други... и од секогаш сум избегнувал возење ноќе, со мерцедесот, кога сум можел.
Со matrix-от возењето е уживанција, не е замарање. Од јаката светлина пред кола, дополнета со амбилајт внатре, дисплеите... окото цело време ми е навикнато на светлина, заслепувањето од возилата што идат накај мене е минимално. Речиси не ми смета како порано...
Плус безбедноста е зголемена, матрицата пушта светлина пред мене, покрај колите што се пред мене, што идат накај мене, така да видното поле е драстично зголемено, повеќе се забележува дали има по пат нешто што не треба да го има