ама сигурно лесно се навикнува човек.
Брзо и јас би се привикнал да имам 300h F
Ете и @Luki Junior може да каже колку се навикнувал на камрито. Мислам дека е истиот спој на мотор и менувач
D-r Ordevski
Јас до вчера (за три месеци) поминав околу 11к километри со неа на долги патувања со автопат, магистрални и регионални патишта, град и многу гужви. Менувачот е одличен и не треба некое посебно привикнување. Даваш прописно гас, оди линеарно прописно. Има доволно вртежен момент и сила и никогаш не се помислуваш дали ќе прима или не (без разлика дали е угорница, рамно или удолница). Едноставно оди/забрзува. На автопат со 140-160 темпо слушаш само ветер/гуми. Во комбинација со активен темпомат нема подобар менувач. Низ град/регионални патишта возиш барем 50% од времето комплетно на струја. На автопат секое намалување значи полнење на батерија и потоа забрзување на струја.
На крај со релативно динамично возење имаш смешна потрошувачка која се врти помеѓу 5 и 6 литри на 100км и со резервоар од 50 литри пред да светне за резерва поминуваш околу 800км. Најголем мерак ми прави кога на 120-140 на рамно/блага удолница влегува во електричен мод и крузаш еден/два км комплетно на струја. Софтверот кој регулира кога да полни, кога да празни, кога да потпомага на бензинскиот мотор е одлично направен.
Единствена замерка е со активен темпомат на угорница во густ сообраќај кога ем треба да држи растојание, ем да држи лента, ем треба да оддржува брзина. Тогаш осеќаш како забрзува/забавува затоа што константно менува вртежи на мотор во дијапазон (500 - 1000 вртежи од осет на претходни возила) и чувството е избери вртежи и остани таму. Во такви случаи превземам јас затоа што за мене е опасно особено кога ти се пикаат на метар пред браник на угорница.