Автор Тема: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci  (Прочитано 4691 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #30 на: 09 Ноември 2021, 11:00:55 am »
Со шишенца?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #31 на: 09 Ноември 2021, 11:17:03 am »
Да

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #32 на: 09 Ноември 2021, 14:42:40 pm »
Ако ја знајш народната - сиромајо два пати плаќа.
Ја знам,а знам уште една,не дирај мечка во п****.
Немам никаков проблем,ама ме јади г****.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #33 на: 10 Ноември 2021, 07:14:59 am »
Сабајлево на 5 степени, сецнаа еднаш вртежите, шо значи на поладно уште појќе, изгледа викендов ќе се види регулаторот и дизните.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #34 на: 22 Ноември 2021, 09:48:23 am »
Регулаторот на око како нов, не најдов ништо сомнително, запушено, метални делчиња од распаѓање на пумпата и слично. Не значи дека и чини, ама 100€ за проба не ми се даваат освен ако не сум сигурен.

Инаку вчера стигнавме до фаза на гаснење сабајлето. Не се сеќавам ама мислам ми угасна 2 пати, кога сецнаа вртежите и паднаа под точка за поврат. На мала туража исто не се стабилни варираат цело време +/- 100рпм. Ама првите неколку минути само пробав, потоа нема проблем мислам.

Проблем сега ми е каде да најдам црево со 4мм внатрешен дијаметар, во железариите најдов 6мм, ама не брка работа за тестирање на дизните.
Во аптека од нешто, од инфузија има? или од аквариум некои црева има мали?


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #35 на: 22 Ноември 2021, 10:15:03 am »
Пред некој месец барав црево за вакумче за пуштање вода од вц казанче.
Од инфузија не пасуваше, па зедов кеса за урина (така пишуваше во сметката :)) не ми текнува како ја нарекоа стручно во аптеката :)
Сега го мерев со метро (немам шублер) парчето што остана,  4 мм ќе да е внатрешниот дијаметар.
Малку поскапо од систем за инфузија, Околу 30 денари беше урин кесата.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #36 на: 22 Ноември 2021, 12:03:05 pm »
Така се вика, кеса за урина на катетер шо се поврзува, имав на мене пред неколку месеци закачено, да знаев дека сега ќе ми требаат ќе ги вадев цревата.  ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #37 на: 22 Ноември 2021, 18:10:23 pm »
Ништо не се фрла! Ниту катетер! ;D

Добар си бе? До катетер стигна ?

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5547
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #38 на: 22 Ноември 2021, 18:48:14 pm »
Регулаторот на око како нов, не најдов ништо сомнително, запушено, метални делчиња од распаѓање на пумпата и слично. Не значи дека и чини, ама 100€ за проба не ми се даваат освен ако не сум сигурен.

Инаку вчера стигнавме до фаза на гаснење сабајлето. Не се сеќавам ама мислам ми угасна 2 пати, кога сецнаа вртежите и паднаа под точка за поврат. На мала туража исто не се стабилни варираат цело време +/- 100рпм. Ама првите неколку минути само пробав, потоа нема проблем мислам.

Проблем сега ми е каде да најдам црево со 4мм внатрешен дијаметар, во железариите најдов 6мм, ама не брка работа за тестирање на дизните.
Во аптека од нешто, од инфузија има? или од аквариум некои црева има мали?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Види во Хидротек за црева да не имаат, краварски пат.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #39 на: 23 Ноември 2021, 13:27:49 pm »
Арен сум, топој, со мониторинг поминав само, со катетерот.

Купив 2 кеси за урина, не бев до хидротек, нема ден повеќе, се затвора во 4.
Инаку цревото од кесата е 5мм, ама со божур од 5мм, го натокмив да дихтува убо, а и го проверив во случај да се собери од топлината не можи да затвори.
На прво стартовање вгаража 5мин во лер еве колку собра:

1 - 20мл (шишето се извиличе ко го сушев до камин, не е од моторот)
2 - 25мл
3 - 25мл
4 - 30мл

Тестот не е направен по упатството, каде таму преку дијагностига му дава гас и одзема, така да не е и со некоја сигурност.
Ништо не заклучив, освен што на јутуб друг вадеше многу повеќе нафта од истиот мотор. Немам искуство и не знам дали ова е нормално или не.

Најверојатно ќе се носи во Ред Ауто да дадат и тие мислење, јас не сум сигурен во ништо, ни во греачи, регулатор или дизни.
Единствено можам да му закачам сега само Wynns од црниот.  ;D






Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #40 на: 09 Февруари 2023, 09:33:16 am »
Проблем бр.1: РЕШЕН!

Заменет е регулатор за притисок на гориво на пумпата, тотал 100€, Delphi од autodoc.de,
и еве 2 недели скоро вртежите се стабилни и можам да маневрирам низ двор со куплунг без да ми угасни.


Кој му се чита како одеше дијагностиката нека повели подолу, ќе се обидам најкраток да бидам.  :-X

Прво однесена во Рено довлеџик, со избришана грешка, и кажано се, како-шо-зошто.
Одговор, греачи ок, дизните се најверојатно, ама кога се прават сосе пумпа да си ги репарирам.
Дали можи да е до регулаторот? - рекоа не, ќе кревал вртежи тој,... бла бла не памтам...

Истеравме зимата, нема проблем, дојде летото, и почна на семафори да сецка на загреана кога како. Греачи дефинитивно елиминирани.

Есента ми угасна од 5-та во трета ко успорував на петле, и 5-6 пати ми требаше да ја запалам.
По некој ден, однесена кај BOSCH SERVICE AVTOMAT и решен да репарирам дизни, пошто зима иди, и му кажувам се, и провере другиот ден.
Одговор, не му се верува дизните да се, ако беше до нив вика лесно правевме, нешто друго те заебава само што не знам, треба да се најди, смени филтер првин.

Сменав филтер на 25,000км, исто.
Проверувам да не не дихтова некое црево да трга воздух и го отворив пловакот во резервоарот. Ништо затнато, нигде не течи, се е во ред, довод елиминиран.

Останаа, пумпа, регулатор и дизни. Дијагностика на пумпа и дизни точна само на машина, на компјутер тешко кај мене.
Знам дека паѓа притисокот на горивото само не сум сигурен дали е до регулаторот или дизните и пумпата.

Кај каза дизајн братот шо растура коли не сакаше да ми изнајми за проба половен регулатор, негова дијагноза беше „дизните брат“.

Наоѓање на јутуб Мерцедес со исти симптоми, решен проблем со нов регулаторот.
И тоа беше да пресечи со нов да ризикувам.

Пoнуда во МК само по порачка, 150€-200€/ MTX-Delphi, кај Prcot 5000ден NTY и 9000ден оригинал.
Готов да земам NTY пошто 9000ден за проба се многу, ме премисле брендот што нема никакво потекло на интернет,
па за кинески дел од алиекспрес што го има за 2000ден не ми се даваше. Повеќе ми е за квалитетот, пошто ако рикни овој дел на пат некаде, нема да има ни лимп мод колата.

И то е од 100€, Delphi од autodoc.de до дома преку другар, купив некоја сигурност.
Истиот го имаше Грција, ама браќата ми вратија, на прашање дали го имате на залиха, дека ми требаат нови дизни и пумпа, овој дел не се расипувал лесно. (facepalm)

Eве лајв дијагностика, каде можи да се види како варира притисокот на горивото врз бараниот, во лер и на мала туража, на 2000вртежи е стабилен.


Делфи дизне живеат да се борат други денови.  ;D





Слики, да не речи некој не се случило:



Ново десно, мрежата е поразлична него оригиналната, поефтина.

« Последно менување: 09 Февруари 2023, 10:10:39 am Power to the people »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #41 на: 09 Февруари 2023, 10:33:18 am »
Дупенки, добро шо си упорен дечко ;D

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1075
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #42 на: 09 Февруари 2023, 20:17:36 pm »
Му запна и си го реши проблемот, мајсторите наши а посебно во Бт напрсти се бројат тие шо разбират .....

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #43 на: 09 Февруари 2023, 20:29:04 pm »
Не е толку страшен проблемот што не разбираат и кога ќе признаат дека не знаат што е, туку страшно е што не сакаат да се замараат за неочигледен проблем и колата да им држи дигалка 2-3-5 дена и на крај да не го решат проблемот а воедно и да не ти наплатат. Сакаат брзи и лесни пари, тоа е најголемиот проблем.

Имав слична ситуација каде што за малку ќе опнев 12 000 денари за нова пумпа за гориво, за на крај сам да си го решам проблемот со сензор на радилица од 2000 денари.

Битно си средил, малку си се помачил ама си средил. Нема поубаво чувство од тоа коа сам ќе си го дијагностицираш и поправиш проблемот.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #44 на: 09 Февруари 2023, 21:53:16 pm »
Некои членови кажаа уште на почетокот дека до него е ама ај да ги размислам сите можни причини, да не избрзам и сменам нешто шо не треба. Многу мислење ми даде преку цела година, ама не беше критична ситуацијата, па во цел процес научив и неколку нови работи.